,

Kaква врска има меѓу дебелеењето и рекламите за брза храна?

Добивај вести на Viber

Тинејџерите кои повеќе од 3 часа гледаат реклами на ТВ повеќе јадат нездрава храна од оние кои не брзаат пред малиот екран. Во просек овие деца 10 пати дневно јадат грицки, пијат газирани пијалоци или јадат пица. На годишно ниво тоа се 500 ужини кои не се здрави. Британски тим кој истражуваше на оваа тема тврди дека оние кои не гледаат реклами помалку јадат нездрава храна. Тимот бара пред 21 часот да не се даваат реклами за брза храна, но надлежните се против оваа мерка. Забраната е за канали за деца, да не се емитуваат реклами со храна која е висококалорична, но тимот вели дека тоа не е доволно. Има и спортски и музички емисии каде овие производи се рекламираат. Од друга страна, и производителите знаат што прават. Тие во текот на сериите ги емитуваат производите кои изобилуваат со масти, шеќер и сол.