Каде е Људмила, поранешната сопруга на Путин: Се шпекулираше дека завршила во манастир и дека сега има 20 години помлад сопруг

Откако се разведе од Владимир Путин, Људмила исчезна од очите на јавноста. Понови информации за неа тешко може да се најдат, освен дека многу брзо се омажила и го сменила презимето.

Поранешната сопруга на Путин, Људмила, работеше како стјуардеса, што беше многу посакувана работа во советско време. Тие се запознале на почетокот на 1980-тите кога заеднички пријател ги поканил и двајцата во театар.

- Се спријателив со Људа, мојата идна сопруга - рече Путин во една прилика и додаде – Сфатив дека никогаш нема да се оженам ако не се оженам во следните две-три години. Иако, се разбира, некако се навикнав да живеам ергенски живот. Људмила го смени тоа од корен.


Сепак, Владимир и Људмила се разведоа во 2013 година, по 30 години брак.

- Не е јасно кога точно почнал да се распаѓа нивниот брак, но сите извештаи сугерираат дека тоа потекнува од нивните различни личности - напиша The Post.

Пред колапсот на нејзиниот брак, Људмила ретко можеше да се види во јавноста. По разводот тоа било уште поретко, што ги поттикнало гласините дека таа завршила во манастир.

„Москва тајмс“ во 2013 година објави дека Људмила наводно му рекла на пријател дека Путин е „вампир“, на што тој одговорил дека секој што може да ја толерира неговата сопруга три недели „заслужува споменик“.

Меѓутоа, Људмила не завршила во манастир. Поранешната сопруга на Владимир Путин води луксузен живот во една европска вила со својот 20-години помлад сопруг.

Руската веб-страница „Собеседник“ открива дека на 58-годишна возраст Људмила се омажила за 21 година помлад маж, тогаш 37-годишниот Артур Очеретни.


Информации за нејзиниот нов брак објави рускиот портал „Собеседник“, кој дошол докопија од имотната картичка на Људмила на која таа го носи презимето на нејзиниот нов сопруг.

Артур Очеретни и Људмила се венчаа на почетокот на минатата година, но јавноста за тоа дозна дури деновиве. Артур е шеф на Центарот за развој на интерперсонални комуникации, еден од проектите на неговата нова сопруга која долго време работи на промоција на рускиот јазик и култура.

Потврда за новиот брак на поранешната прва дама на Русија даде и големиот критичар на Владимир Путин, опозицијата Алексеј Навални, кој изјави дека Људмила го променила презимето од Путин во Очеретнаја.


Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot- Grunge

Од хигиеничарка до милионерка, бебиња близнаци и мистериозно исчезнување на првата љубовница на Русија: Тајни од приватниот живот на Путин