Од хигиеничарка до милионерка, бебиња близнаци и мистериозно исчезнување на првата љубовница на Русија: Тајни од приватниот живот на Путин

По нападот врз Украина, очите на целата планета се вперени кон рускиот претседател Владимир Путин. Тој вешто го крие својот следен потег, како што со години го крие својот приватен живот од очите на јавноста, обвиен со мистерија и исполнет со нелогичности.

Владимир Путин беше 30 години во брак со Људмила Путин, со која има две ќерки, а во 2014 година таа исчезна од неговиот живот и од јавноста. По Људмила го поврзуваа со многу жени, но најчесто во приказните за Путин ќе го слушнете името на Алина Кабаева, светската шампионка во гимнастика од Русија. Се шпекулираше дека му родила близнаци, а потоа едноставно - исчезнала.

Никој не знае дали Владимир Путин е оженет и колку точно деца има, а единствената жена која ја претстави во јавноста е Људмила Путин со која беше во брак 30 години и заедно имаат две ќерки Марија и Катерина кои избегнуваат појавување во јавноста. А од 2014 година, откако исчезна од неговиот живот, на Људмила и се губи секоја трага. 

Владимир и Људмила Путин

Марија денес има 36 години и живее во Москва со нејзиниот сопруг Јорит Фасен, Холанѓанец. Парот наводно има дете бидејќи Путин во 2017 година му признал на режисерот Оливер Стоун дека е дедо. Кога Стоун го прашал дали си игра со внукот, Путин одговорил: „Многу ретко, за жал“.


Катерина наводно го живее животот на висока нога, во раскошен стан и има натрупано големо богатство. Таа е 34-годишна искусна акробатска танчерка која има висока позиција на Московскиот државен универзитет. Таа се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но се разведоа во 2018 година. Разводната парница откри дека нивното богатство се проценува на две милијарди долари. 

Од сопругата Људмила, Путин се разведе во 2013 година, по 30 години брак.

„Сфаќам дека никогаш нема да се оженам ако не го направам тоа во следните две или три години. Иако, се разбира, навикнат сум да живеам сам. Људмила тоа го искорени", изјави Путин еднаш за Вашингтон пост.

Во јавноста се шпекулираше дека нивниот брак го решавале различни љубовници на Путин низ годините.

Првата љубовница на Русија

Најпозната од нив е поранешната руска гимнастичарка и златна олимпијка Алина Кабаева, со која рускиот претседател наводно започнал афера уште додека бил во брак.


„Московски кореспондент“ беше првиот што пишуваше за односите на Путин и Кабаева во април 2008 година, а набргу потоа магазинот беше мистериозно затворен.

Исто така, се шпекулира дека Путин добил уште едно дете со Кабаева во 2015 година. Таа се повлече од јавноста кога почнаа да кружат гласини дека е бремена, а во мај 2019 година рускиот новинар Сергеј Канев, кој беше близок до разузнавачките служби, објави дека Алина родила машки близнаци. Наводно во 2015 година имала ќерка со Путин, а во јавноста првпат се појавила минатото лето, откако никој не ја видел две и пол години.


Од хигиеничарка до милионерка

Се шират гласини и за аферата на Путин со неговата поранешна чистачка Светлана Кривонога, со која наводно ја има 17-годишната ќерка Јелисавета Кривонога.


На почетокот на 2021 година, Руски Проект објави дека имаат копии од документите на девојката во кои е идентификуван нејзиниот татко. За да може да биде ќерка на претседателот, таа го дава и својот патроним, односно средното име што децата во Русија го наследуваат од нивниот татко, а второто име на Јелисавета е Владимировна.

Софтверот за препознавање лица наводно покажал дека сличноста меѓу Путин и Јелисавета е поголема од 70 отсто, што укажува дека тие би можеле да бидат поврзани. Тинејџерката одбила да ја потврди својата поврзаност со Путин на рускиот новинар Андреј Захаров, кој прв ја објавил приказната.

Се вели дека Путин ја започнал аферата со нејзината мајка додека тој сè уште бил на чело на безбедносната служба ФСБ кон крајот на 1990-тите. Светлана работела како негова чистачка, по што се преселила во најелитните предградија на Санкт Петербург, кои наводно биле финансирани од Путин. Се верува и дека тој со години бил нејзин таен спонзор и дека поранешната чистачка ја претворил во милионер.


Фото: Видео-screenshoot - theguardian/Инстаграм

Фото насловна: youtube - screenshoot - LightHouse

Видео: Youtube

Војната преку фотографии: Луѓето бегаат од Киев, километарски колони авотмобили, се кријат во метрото