Војната преку фотографии: Луѓето бегаат од Киев, километарски колони авотмобили, се кријат во метрото

Добивај вести на Viber

фото: twitter/reuters/scanpix/LETA

Откако во раните утрински часови, престедателот на Русија, Владимир Путин во телевизиско обраќање соопшти дека наредил специјална воена операција со цел демилитаризирација и денацификација на Украина, утрово започна воениот напад врз оваа држава.

Украинските власти веднаш прогласија вонредна состојба и повикаа граќаните да останат смирени и во своите домови.

Дописничка на Си-Ен-Ен од Москва, Џил Доерти, за оваа медиумска куќа ја анализираше одлуката на Путин утрово да ја нападне Украина.

„Непосредно пред зори, непосредно пред да започнат експлозиите во градовите ширум Украина, руската државна телевизија неочекувано емитуваше обраќање на рускиот претседател Владимир Путин.
Двете самопрогласени „народни републики“ Доњецк и Луганск, во отцепениот украински регион Донбас, кој тој официјално го призна како независен пред помалку од два дена, „се обратија на Русија за помош“, рече тој.

За да одговори на тој повик, Путин започна „специјална воена операција“. Нејзината цел е да ја „демилитаризира“ и „денацифицира“ Украина, пишува дописничката на Си-Ен-Ен од Москва.

Неколку часа од започнувањето на нападот, корисниците на Твитер објавуваат фотографии и видеа кои се поврзани со рускиот напад врз Украина. На нив се гледаат долги, километарски колони автомобили кои го напуштаат главниот град на Украина, Киев. Луѓе се кријат во метрото во Киев, масовно купуваат карти да го напуштат градот.








Експлозии се регистрирани во Киев, Одеса, Харков, Мариупол. Руски трупи влегуваат во Украина од повеќе правци и од Белорусија.

Путин ја опиша „специјалната воена операција“ како цел да ги заштити луѓето што живеат во Донбас, кои, како што тврди, биле подложени на „геноцид“, обвинување што Украина силно го негира. А потоа додаде: „НАТО ги поддржува украинските неонацисти... нашите акции се самоодбрана од закани.