А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“
Како дел од својата заложба за обезбедување поддршка и
уште поголема вредност за своите корисници, А1 Македонија со големо задоволство
најавува збогатување на своето портфолио и ја дополнува понудата што се состои
од ORYX-услуги, овој пат за помош во домот или Home Assistance, со цел
да ги задоволат потребите на A1 постпејд мобилни и корисници на фиксни услуги.
Од денес, А1 ги става на располагање услугите за помош во домот обезбедени од реномираната компанија „Oryx Assistance“. Со цел обезбедување исклучителна вредност, корисниците може да ја изберат услугата без притоа да склучуваат дополнителен договор и да ја откажат услугата без дополнителни надоместоци.
Услугата за помош во домот, Home Assistance,овозможува техничка помош во случај на итна интервенција за отстранување дефекти во домот.На располагање на корисниците се повеќе поволности, како што сеобебзедување помош при дефекти со водовод, браварија, електрична инсталација, столарија и стакларија, како и контакт-центар достапен во текот на 365 дена во годината, 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
Со Home Assistance, корисниците добиваат помош при дефекти за санација на брава или овозможување отворање врата поради заглавен/скршен клуч во брава, скршена брава или оштетена брава во случај на провална кражба, неможност за затворање надворешни врати и прозорци поради кршење или оштетување на самите врати или прозорци, како и на нивните рамки, санација на водоводни и канализациски цевки поради пукната цевка, протекувања од споеви на водоводни цевки, протекувања од централен систем за греење, затнати одводни и канализациски цевки, санација на електрична инсталација поради краток спој, оштетена изолација на кабли, оштетени електрични спојки.
Дополнително, на барање на корисниците, отворена е можноста корисниците да се договорат со ORYX-асистентот за дополнителна поправка со соодветна доплата.
Услугата Home Assistance е достапна без обврска за склучување договор, по цена од само 99 денари месечна претплата, додека, пак, вредноста на покритието на услугата изнесува 13 000 денари годишно, со можност за користење на поволностите најмногу 3 пати годишно.
Услугата може да биде активирана во продажните салони на А1 или преку повик на Контакт-центарот на А1 на бројот 077 1234.
Повеќе информации може да најдете на www.a1.mk.
ПР објава