Пораснаа синовите на пејачката Туна: Роденденска забава со уникатни роденденски торти за Тиан и Зен
Популарната албанска пејачка Туна Сејди прослави двоен роденден на нејзините синови Тиан и Зен.
Поголемиот Тиан наполни седум, додека помалиот Зен три.
Роденденската забава на двете момчиња била во игротека каде ги пречекале своите другарчиња. Роденденската декорација била во сина боја, а двете роденденски торти на Тиан и Зен биле инспирирани од фудбалска топка.
На роденденската забава дошла и Аделина Тахири со нејзиниот син Јон.
Пејачката во 2022 година стави крај на вториот брак со косовскиот пејач Патрис Бериша по скоро пет години брак. На овој брак му претходеше бракот со бизнисменот Рилинд Река, но тој брак траеше кратко.
Туна и Патрис се венчаа во 2017 година, а брзо потоа се роди нивниот прв син, Тиан. Во 2021 година Туна го роди вториот син Зен и тогаш на социјалните мрежи објави фотографии од моментот на породување.
Фото: Инстаграм