Каде почнува инфекцијата на коронавирус во телото: Научниците прецизно го идентификуваа местото во носот

Добивај вести на Viber

Меѓународниот тим на научници ги идентификуваше два специфични видови на носни клетни, како веројатни појдовни точки на инфекцијата коронавирус.

Тоа откритие е објавено во весникот Nature Medicine, го отвара патот за развој на лекови кои би можеле да го намалат ширењето на вирусот. Исто така, во весникот е објавено и истражувањето на американските научници од Харвард и Massachusetts Institute Technology (MIT) кои откриваат кои клетки во белите дробови и цревата се најчувствителни на новиот вирус.

Кога во јануари го изолираа вирусот САРС-КОВ-2 како причина за болеста Ковид - 19, научниците дознаа дека короноварусот користи свој протеин С (sprike) за да се врзува за клеточните рецептори во нашите тела. Во својата пенетрација во ќелијата, вирусот се потпира на рецепторот ACE2 и на протеазата TMPRSS2. Но, досега не е јасно кои клетки биле први заразени.

За да откријат кои клетки се први на удар, научниците анализирале податоци од конзорциумот „Human Cell Atlas“ (HCA) на 20 различни ткива и органи, вклучувајќи ги белите дробови, носот, окото, цревата, бубрезите и црниот дроб.

Детали на Хаштаг.мк