Кафе и книга! Внесете малку „хиге“ оваа празнична сезона
Има ли подобар начин да ја уживаме данската
филозофија на убаво и едноставно живеење, ако не преку малите задоволства?
Како што паѓаат температурите така расте и мрзеливото расположение, па конечно имаме оправдување да се затвориме во удобноста на нашите домови и да уживаме со шолја топло кафе и книга. Токму затоа сега е одличен период да создадете мало хиге катче во вашиот дом, да се опремите со квалитетна листа на книги и секако добра залиха на омиленото кафе DonCafé.
Мало катче за големи задоволства
Што ви е потребно? Се разбира добро опремен хигекрог! Што значи ова? Специјален агол во домот кој е само ваш и во кој ќе уживате во шолја DonCafé и книга, под топло ќебе.Вашето мало катче на задоволство нека биде уредено со свеќи, камин (доколку е возможно), меко ќебенце, топли пижами, дебели чорапи и амбиентално осветлување. Концептот на хиге се сведува на читање на добра книга во комбинација со топло DonCafé во посебна, омилена шолја, во времето кое ќе си ги посветите исклучиво на себе и своите задоволства збогатувајќи ја душата и внатрешниот мир. Покрај тоа, не заборавајте да си дозволите да експериментирате со различни модели на ќебиња и перници. Ќебињата можат да бидат изработени од потопол материјал како што се волна или памук. Амбиенталните свеќички нека бидат ароматични, додека музиката во позадина пријатна и релаксирана. Дрвените предмети се задолжителен елемент – толку едноставни, сепак толку топли и магични. предмети направени од дрво нè приближуваат кон природата и се толку едноставни колку и хиге филозофијата!
Што ќе читате оваа зима?
Студеното време и долгите ноќи ја прават зимата идеална сезона за сонување со отворени очи откривајќи нови приказни и светови. Неколку страници можат да направат да го засакате животот уште повеќе, да откриете дел од себе за којшто не сте ни биле свесни или пак да избегате од монотонијата на секојдневието и работните обврски. Доколку немате инспирација, прибежиштето секогаш може да го најдете во некој од следниве насловикои мирисаат на кафе и љубов:
- „Среќните луѓе читаат и пијат кафе“ – Ањес Мартен-Лиган. Трогателна љубовна приказна која зборува за љубовта, загубата и повторното пронаоѓање на среќата. Нурнете се во светот на парижанката Дајен и загубете се во паатувањето кое ќе ве однесе од шик улиците на Париз до бескрајното зеленило на Ирските предели.
- „Кафулето зошто“ – Џон П. Стрелецки. Најголемите животни одлуки се носат со шолја топло кафе!
- „Крадецот на кафе“ – Том Хиленбранд. Во 1683 година Европа е преплавена со нова напивка. Кафе. За волшебниот пат на кафето од Истокот до Европа и бескрајните мириси и ароми без кои не можеме да си го замислиме животот.
- „Кафе муабет со себеси“- Кристен Хелмстетер. Инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе.
- „Пред да се излади кафето “ - Тошиказу Кавагучи. Во мала, споредна уличка во Токио, има едно кафуле кое повеќе од сто години служи внимателно избрано кафе. Но според локалната легенда, ова кафуле нуди и нешто друго освен вкусно кафе — можност за патување во времето.
Ја имате ли вистинската мерка за совршено кафе?
За доживувањето да биде целосно не смеете да си дозволите ништо помалку од совршена доза на внимателно одбрано мелено кафе. Незаменлив е моментот кога целата просторија мириса на свежо сварено DonCafé! Doncafé ги комбинира најквалитетните зрна кафе и иновативните технологии. Благодарение на системот Aroma Expert кој ја штити аромата на свежо меленото кафе во кесичката, секоја шолја е совршено искуство и затоа ја има магичната моќ да биде ваш најдобар сојузник во времето посетено на себе. Оваа зимаодвојте време за себе и уживајте во магијата на празниците и времето за себе, со шолја свежо Doncafé!
ПР објава