Пејачот Даниел Кајмакоски откако се ожени со поранешната манекенка Кристина Димитријевска и стана татко е послабо музички активен и му се посвети на семејниот живот.
Давид, синот на Даниел и на Кристина во февруари ќе наполни две години, а Кајмакоски изрази желба да го прошири семејството. „ Растат толку брзо. Душо, ни треба уште едно“, ѝ порача Кајмакоски на сопругата преку својот Инстаграм профил.
Пејачот настапи на концертот посветен на Тоше Проески на 2 ноември во Скопје, во дует со словенечката пејачка Ања Рупел. За новогодишната ноќ, Кајмакоски ќе пее во луксузен ресторан во Будва, кој се наоѓа на плажа. Ресторанот ја најави забавата со наслов како „Полноќ во Париз“.