Кајтази: Новиот кров на ГТЦ е доволно зелен и содржински функционален

Добивај вести на Viber

Предлог решението за нов кров на Градскиот трговски центар (ГТЦ) е оптимално зелено решение, вели за Фактор проектантот Антон Кајтази, сопственик на фирмата Дом и Дизајн. Горните катови се со слаба посетеност, празни и прокиснати од одамна попуштената хидро-изолација. Кајтази вели дека проектот го направиле по опсежни анализи, но конечниот концепт во едно ги обединил исплатливоста на инвестицијата, корисноста, но и обидот ГТЦ да ја зголеми атрактивноста и да ги поврати изгубените посетители. Според него, на ваков тип објект не било возможно да се испланира таканаречено екстензивно зеленило, поради фактот што ваков тип на зеленила обично се ставаат на непроодни тераси и коси кровови. Имало идеја екстензивно зеленило да се постави на кровот на кафулето, но истото по наводнувањето значително ќе се зголемела и тежината, а анализата покажала дека носивоста на кровната плоча на ГТЦ е помала. Според предлог планот за кој во јавноста имаше и негативни реакции, на кровот на ГТЦ кој  треба да биде на 1.800 квадрати метри, предвидено е да има зеленило, пешачка зона, кафуле, фонтани, тераса.

„Одлучивме да биде интензивно зеленило, затоа што во спротивен случај, односно кога е екстензивно по наводнувањето не е пожелно да се гази по него. Имавме првично решение, екстензивно зеленило да се постави на кровот на кафулето, но по направената анализа на носивост-статика, се испостави дека носивоста на кровната плоча на ГТЦ е мала. Кровот се носи метална конструкција со лимени ребровани профили покриена со лесен бетон. Инаку доколку на пример на целиот кров има само зеленило, неговата оправданост би била само во зеленилото, но нетреба да се занемарат трошоците за одржување на истото. Овде концептот  некој да ги покрива трошоците за одржување на зеленилото, како и заживување на ГТЦ, затоа се обидовме да внесме и содржински аспект на проектот, вели Кајтази.

Според планот од 1800 квадратни метри колкав што е целиот кров по идејното решение, 600 квадрати се зеленило, во бекатон се 450 квадрати односно има пешачка зона и мал амфитеатар, а околу 150 квадрати отпаѓаат на кафулето. Кајтази вели дека има идеј ана кафулето да с епосатват соларни панели или фотоволтаици кои ќе ја произведуваат електричната енергија потребна за објектот.

 „Фонтани има затоа што водата како медиум е најладна, а и дава ефект на релксација. Според истражувањата температурата на ГТЦ за разлика од околината е за десет степени повисока. На другата страна кај кафулето ставивме зелен ѕид, го поставивме, размислувани се повеќе работи, ќе има и бесплатен безжичен интернет. Има стаклена тераса за која сметаме дека е добра затоа што е невидлива визура од надвор. Се на се целиот проект мислам дека е добар и оправадан, вели Кајтази.

Фактор веќе пишуваше дека зелените кровови и зелените фасади се еден вид лек за загаденото Скопје. Професорот од Шумарски факултет Јане Ацевски кој е дендролог рече дека проектотз а зелен кров на ГТЦ е еден од примерите како треба да се обновуваат постарите објекти. Според него, при вакви решенија треба да се внимава на изборот на садници, затоа што тие мора да бидат издржливи на високи температури на лето и ниски на зима, односно на скопската клима.

„Сите садници се со „школован корен“, односно такви кои ќе успеваат и воограничени услови (жардињери) и сите имаат соодветен однос на коренот со лисната маса. Некои од нив се автохтони садници кои ги има и кај нас односно јавори, борови, тиси кои одговараат на условите овде. Инаку, факт е дека на кров не може да се изгради парк, ниту шума и тоа мора да се знае. Такви опции се за други места, вели професорот.

Ацевски кој инаку е дендролог и фитоценолог (наука за социјалниот живот на шумата), е дециден дека градот треба да размислува на посеопфатни мерки против загадувањето, но вели дека на краток рок вакви решенија ќе имаат ефект.