,

Како да бидете сигурни дека тестот за бременост за домашна употреба ќе даде точен резултат

Добивај вести на Viber

Сакате ли да направите тест за бременост, но се прашувате дали е прерано и дали може да се потпрете на него за точен резултат?

Кога се сомневате дека можеби сте забремениле, обично сакате тоа да го дознаете што е можно поскоро. Тестот  за бременост за употреба во домашни услови е наједноставен и најевтин начин да го сторите тоа - се продава во секоја аптека, релативно е лесен за употреба и резултатот го имате за неколку минути.

Останува прашањето, колку е точен  тестот за бременост за употреба во домашни услови? Ако се сомневате дека сте забремениле, колку долго треба да чекате пред да направите тест? И во кои случаи може да добиете негативен тест, а всушност дошло до бременост? И дали се случува спротивното – да добиете лажно позитивен резултат на тестот за бременост?

Ќе се обидеме да одговориме на овие и други важни прашања за употребата на тестови за бременост во домашни услови. Ќе објасниме како точно функционира тестот за бременост и зошто е важно да се направи во вистинско време за да се уверите дека нема да добиете погрешен резултат.

Што претставува домашниот тест за бременост?

Тестовите за бременост го покажуваат нивото на таканаречениот „хормон за бременост“. Тоа е човечкиот хорионскигонадотропен хормон или hCG. Ако дојде до бременост, hCG во телото може да се открие преку тест на крвта направен во лабораторија, а присуството може да се утврди и во урината со помош на тест за бременост кој може да се направи во домашни услови.

Накратко за тоа како функционира тестот за бременост кој може да се направи ви домашни услови:

Тестот за бременост, кој може да се направи во домашни услови, открива дали hCG е присутен во урината. Тестот содржи лента од специјален материјал, во чии точно одредени области се наоѓаат антителата чувствителни на човечкиот хорионскигонадотропен хормон.

Неговото ослободување во телото не започнува веднаш по оплодувањето, туку само откако оплодената јајце клетка ќе се закачи на ѕидот на матката. Тогаш, плацентата почнува да се формира и лачи hCG, којшто може да се открие во крвотокот и во урината. Нивото на хормонот се зголемува многу брзо и достигнува максимални вредности околу 10-тата недела од бременоста, а потоа се намалува кога плацентата е целосно оформена.

За погодност, повеќето тестови имаат прозорче што го прикажува резултатот. Ако не сте бремени, на прозорчето ќе се појави само ЕДНА контролна линија во боја. Тоа покажува дека тестот функционира правилно. Во овој случај, имате негативен резултат.

Ако на прозорчето се појави и втора линија, тоа укажува на позитивен тест за бременост.

Кога е вистинското време да се направи тест за бременост?

Ако жената има редовен менструален циклус, најдобро е да почека и да го направи тестот првиот ден од доцнењето на циклусот.

За полесна ориентација, користете го калкулаторот на веб-страницата на Surecheck за полесно да го одредите соодветниот датум на тестирање.

Повеќето тестови гарантираат точен резултат ако се направат рано наутро, со првата урина. Благодарение на својата UltraGold технологија, Surecheck гарантира 99,99% точен резултат на првиот ден од доцнењето. Surecheck  тестовите може да се направат во секое време од денот без тоа да влијае на нивната точност.

Дали мора да чекаме циклусот да задоцни?


Постојат и таканаречени тестови за рана детекција на бременост. Тие работат на истиот принцип - откривање на присуство на човечкиот хорионскигонадотропен хормон во телото, но се почувствителни и може да детектираат 10 mlU/ml hCG.

Она што е специфично за човечкиот хорионскигонадотропен хормон е дека неговото ослободување во телото на жената не започнува истиот ден кога настанало оплодувањето. Ослободувањето на hCG започнува по имплантацијата на оплодената јајце клетка во матката, односно неколку дена по сексуалниот однос. Потоа, неговата количина почнува многу брзо да се зголемува и практично на секои еден или два дена нивото во телото се удвојува.

Исто така, многу е важно да се знае дека по оплодувањето на јајце клетката, нивото на hCG не се развива со иста брзина кај сите жени. Секој организам е специфичен. Кај некои жени, хормонот побавно ја достигнува концентрацијата што е доволна за да се добие точен негативен или позитивен тест.

Откриено е дека кај околу 10% од жените нивото на хормонот се зголемува побавно. Поради оваа причина, поверојатно е тестот да пријави можна бременост ако почекаме до првиот ден од доцнењето на следниот циклус.

Пред тоа, постои значителен ризик да се добие негативен тест, а всушност да дошло до бременост.

А дали можеме да добиеме лажно позитивен тест?

Да, можно е да се добие лажно позитивен резултат на раниот тест за бременост - во овој случај зборуваме за таканаречена хемиска бременост. Со овој поим се означува тип спонтан абортус кој настанува неколку недели по зачнувањето. Најчеста причина се хромозомските абнормалности во ембрионот. Типични симптоми за неговото губење се обилно крварење и болки во стомакот, а ако се поклопат со датумот на очекуваната менструација, жената може и да не забележи дека е бремена.

Овие особености на женското тело се причина некои рани тестови да се продаваат во пакување од два со цел штом еднаш ќе се тестирате, да го повторите тестот по доцнењето на циклус за посигурен резултат.

На тестот се појавува втора линија, но е многу бледа. Што значи тоа?

Често поставувано прашање е како да се протолкува резултатот од тестот ако се појави втора линија, но со многу бледа боја.

Одговорот е дека втората линија значи бременост. Причината за тоа што обоеноста е бледа во овој случај се должи на сè уште ниската концентрација на hCG, со голема веројатност доколку се направи нов тест за 48 часа, линијата да биде јасно видлива.

Каде и во кое време од денот можеме да направиме домашен тест за бременост?

Домашните тестови за бременост се компактни и лесни за употреба. Тестот може да го направите со првата утринска урина кога концентрацијата на hCG е највисока, но бидејќи Surecheck  ја користи новата генерација UltraGold технологија дава гарантиран резултат со точност од над 99% - дури и кога се прави во друго време од денот.


Во тестот од тип касета, урината се собира во чист сад, потоа се повлекува со пипета и се капка на специјално означеното место на тестот.

Може да одберете и стример Surecheck  (пенкало). За разлика од тестот од тип касета, пенкалото функционира без посебен мал сад за собирање на урината за тестирање.

Кога се препорачува да се направи тест за бременост ако генерално имате нередовна менструација?

За девојки и жени со нередовни менструации, Surecheck може да се користи 19 дена по денот кога имале сексуален однос за кој се сомневаат дека контрацепцијата не ја завршила својата работа. Ако резултатот е негативен, се препорачува да се направи уште еден тест во рок од 48 часа за секој случај.

Важно е да се знае дека дури и со позитивен тест за бременост, бременоста мора нужно да се потврди со преглед кај специјалист.

Вообичаено, се препорачува да одите на лекар најмалку 10 дена по датумот од очекуваната менструација што не сте ја добиле. Не чекајте повеќе од пет недели од овој датум. Навременото утврдување на бременоста од лекар е важно со цел да добиете компетентен совет и вашата состојба да се следи во безбедна средина од страна на специјалист.

Прочитајте повеќе:

10 супстандардни и опасни контрацепции што никогаш не треба да ги пробате


Причини за доцнење на менструацијата... освен бременост