Како да изберете соодветен банкарски кредит, согласно вашите потреби?

Добивај вести на Viber

Буџетот е ставка поради која често го ставаме прстот на чело и се прашуваме дали и  колку се правилни донесените одлуки - дали да штедиме за некоја цел, потреба,или пак, да побараме „помош“ од банка, во вид на паричен заем. Во денешно време е вистинска реткост поголемите инвестиции да се извршат без некаков кредит. Многумина од нас поседуваат недвижнини, автомобили и слично благодарение на заемите, а најчесто се одлучуваат на тој чекор поради релаксираната отплата која ни ја овозможува отплатата на заемите од Банка.

Откако ќе одлучите дека Ви се потребни дополнителни средства во форма на заем, најпрво треба да соберете информацииза условите на кредитирање од неколку банки и да процените која од нив ги нуди најповолните услови според вашата моментална и идна финансиска состојба. Халкбанк АД Скопје нуди повеќе видови кредити, согласно потребите на клиентите и тоа по услови кои се меѓу најконкурентните на пазарот. Дополнителна предност на кредитирањето што го нуди Банката е што поголемиот дел од кредитите се со осигурителни полиси, што значи дека имате обезбедено заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Во зависност од Вашите потреби, можете да изберете соодветен кредит. Најбаран секако е Потрошувачкиот кредит бидејќи е сенаменски, односно може да се користи за најразлични Ваши потреби. Максималниот износ кој се одобрува е 1.200.000 МКД и истиот е со максимален рок на отплата до 10 години.

Халкбанк нуди Потрошувачки кредит и за пензионери до 600.000 денари, со максимален рок на отплата до 120 месеци. Годините на старост на кредитобарателот и рокот на кредитот потребно е да не надминуваат 75 години.

Доколку сакате да го решите сопственото станбено прашање, да купите деловенпростор или пак, да извршите рефинансирање на станбен кредит кој веќе го имате земено од друга банка, тука се Станбените кредити на Халкбанк. Станбен кредит во денари, обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк е со фиксна каматна стапка за првите 5 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, минимално учество од 10 отсто и истиот е со ниска стапка на вкупни трошоци и е БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства.

ПР Објава