Како да ја негувате правилно кожата во зима
Во зима, кожата е подложена на вистински стрес. Студениот воздух и
силниот ветер го
сушат лицето и кожата, кај поосетлива кожа може да
доведе и до шушкање и лупење на кожата.
За да ја вратите мекоста и еластичноста на вашата кожа, треба да се грижите правилно за неа во зима.
Еве како можете да го направите тоа:
Не се туширајте со премногу жешка вода
Колку и да ви е студено, не користете ја pремногу топлата бања за стоплување. Премногу жешката вода го прави спротивното со кожата - ја суши и ја прави ранлива на зимското време, отстранувајќи ја влагата од кожата.
Користете похидратантен крем
Во зима, добро е да користите навлажнувачки и производи кои добро ја хидрираат кожата, со густа текстура за да навлезат подлабоко во кожата и да ја заштитите од студот.
Хидрирајте ја неколку пати на ден
Примена на навлажнувачки производ еднаш наутро или навечер не е доволно во зима. Неопходно е да се применува неколку пати на ден, особено на рацете и лицето, делот од кожата кој е повеќе подложен на ветер.
Мијте го лицето еднаш
Во текот на летото, се препорачува да се мие лицето наутро и навечер заради зголемено потење и лачење на поголеми количини на себум. Во зима, ова не е неопходно ако вашата кожа е сува или комбинирана. Доволно е да го измиете лицето со производ за миење еднаш на ден, по можност во вечерните часови. Во утринските часови, кожата се исплакнува само со вода за свежина, по што се нанесува дневна крема.
Поретко правете ексфолијација
Наранливата и дехидрирана кожа во зима не и е потребна честа ексфолијација. Може да предизвика дополнително црвенило, сувост, лупење и сериозна иритација што не ви е потребна. Ексфолијација во зимаправете поретко, само кога е потребно.
Навлажнете го воздухот во вашиот дом
Важно е да ја навлажнете кожата однадвор, како и однатре со пиење доволно вода, како и дополнително навлажнување на воздухот во вашиот дом. Во зима кожата станува посува поради вештачкото греење и затоа се препорачува дополнително да се навлажнува.
Не заборавајте на контурата на очите
Кожата околу очите и очните капаци е многу тенка и ранлива. За да го негувате и навлажнете овој дел од кожата, користете навлажнувачки производи соодветни за таа област. Ова ќе ги заштити вашите очи од појава на брчки предизвикани од прекумерна сувост.