ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Како да ја ослободите негативната енергија?

Добивај вести на Viber

Можеби ви звучат познато главоболките без причина, внатрешната нервоза, ненаспаност или пак чувството дека немате доволно енергија, тоа може да значи дека вашето тело е полно со негативна енергија. Кога станува збор за негативната енергија може да биде предизвикана од многу извори, постојани зрачења од разновидни апарати, самиот брз начин на водење живот, токсини од воздухот и нормално лошата енергија која ве опкружува.

Сите знаат дека здравјето и добрата енергија почнуваат од внатре што значи дека првиот чекор е да започнете со здрава исхрана. Внесувајте што повеќе витамини и хранете се редовно, со тоа ќе создадете поволна положба за старт на добрата енергија.

Посетете некоја шума и вдишете го чистиот воздух, со тоа ќе се прочистите од лошата застојана енергија. Дишете длабоко, вдишете позитивност и издишете ја негативноста. Мислете позитивно и исфрлете ги сите оние лоши мисли кои ве враќаат наназад. Одвојте време за да медитирате, тоа ќе го одржи балансот на добрата енергија.

Слушајте музика, таа опушта и ви помага да ги отстраните лошите мисли и насобраната негативна енергија. Изберете музика која ве опушта и ви буди убави чувства. Танцувајте, дури и да не знаете како, движете го телото онака како што вие мислите.Танцувањето ја создава добрата енергија.

Викаат дека водата е лек за сè, па затоа искористете ја со што ќе ја наполните вашата када за да го започнете ритуалот на чистење. Додадете хималајска сол, бидејќи таа ја неутрализира негативната енергија, можете да ставите и некои од вашите омилени есенцијални масла, или пак искористете некој од камењата кои ја лекуваат енергијата како аметистот или розевиот кварц.Користете полудраги камења кои ја лекуваат енергијата во вашиот дом каде чувствувате негативна енергија.

Со овие неколку „ритуали“ ќе ја исфрлите негативната енергија од вашето тело, па ќе започнете да водите здрав живот исполнет со позитивна енергија, вашата спиритуална трансформација е во тек.