Како да ја усовршите претераната грижа за детето (која не служи за ништо)

Добивај вести на Viber

Претераната грижа за детето (анкциозност) може да биде подеднакво погубна како и занемарувањето. Прочитајте за тоа како родителите се воведуваат во таа ситуација.

Замислете ситуација во која детето си игра во песок, и го стави валканиот прст во уста. Што во тој момент ви поминува низ глава?

Ок, не морате баш до крај да го развивате сценариото, но секако сте забележале дека мозокот на одредени мајки е исклучително креативен во смислување на највозбудливите и најопасни „филмови“ во оваа ситуација со најлоши последици по себе. Всушност, ним им е потребно да се случи само еден мал ваков случај за да дизајнираат сценарио со добар психолошки трилер. Од друга страна, постојат и оние мајки кои немаат баш толку развиена фантазија, затоа што се плашат од неа, и едноставно се „ужаснуваат“ од можни последици на тие мали валкани честици. Со тоа кога се вратат дома со детето, со сапун добро му ја чистат усната ... за секој случај.

Што би рекле старите: „Не има секакви“.

Меѓутоа, доколку некоја од вас смета дека и недостига креативност , и при тоа, мисли дека треба да биде повеќе загрижена за своите деца, во продолжение на текстот можете да прочитате краток водич како дополнително да се впуштите во претераната грижа за детето.

-Секоја вечер, а најдобро кога легнете да спиете, и секако, кога најмногу ви се спие, треба да почнете со размислување за тоа што се може негативно да му се случи на вашето дете или вам, или на таткото на детето. Најдобро е при (хипер)продукција на мислите да користите конструкции на реченици од типот: „што ако се случи тоа, потоа ...“. Ова треба да го повторите повеќе пати како мозокот би се „свртел“ и измамил сонот.

-Кога размислувате за ситуации кои може да се случат, потоа почнувате да се ужаснувате на секоја од нив. Што повеќе се ужаснувате или што повеќе сметате дека таа ситуација е страшна, толку грижата ќе биде поголема. Така ќе успеете да развиете уште едно чувство? несносен страв од лоши ситуации кои можат да се случат. На овој начин уште повеќе ќе ја развиете креативноста.

-Бидете целосно ирационални. Фактот дека тие ситуации можеби никогаш и да не се случат, но е важно што посликовито да ги оживеете во својата глава како би изгледало дека се случуваат во тој момент пред ваши очи, и секако, тогаш целосно ќе поверувате дека тоа 100% ќе се случи утре.

Сега кога себе наголемо се внесовте во претерана грижа за детето, развивте сценарио што се лошо може да му се случи и тоа до најстрашни детали, останете така некое време додека не увидите дека не е нормално толку да се грижите и да размислувате за некои потенцијални ситуации кои реално можеби никогаш нема да се случат.

Во секој случај, важно е да знаете дека имате избор. Ако по било кој случај, овој вовед во претерана грижа за детето не успее, дали затоа што на почетокот премногу ви се спие, или ве замараат мисли „што ако ...“ или едноставно, не сте креативни, секогаш можете да продолжите да бидете умерено внимателни кога е вашето дете во прашање.

Јас лично мислам дека умерената внимателност и грижа е сосема ок. Па немора секоја од нас да биде баш толку креативна. Ако не сме толку добри во тоа можеби сме подобри во рационалното размислување. И тоа, веројатно е некој талент и треба да го развивате.

*Текстот е пишуван со цел да ги едуцира родителите, но и да ги забавува, па ве молиме така и да го доживеете!