КАКО ДА МУ Е ЧЕТВРТА ЌЕРКА: Сопругата на Сталоне изгледа одлично на 50 години
Силвестер Сталоне е вистински среќник. Има убава жена и уште поубави ќерки. Во заедничките појавувања, тие секој пат покажуваат дека се среќно семејство.
За време на една заедничка вечера во Лос Анџелес, сопругата на познатиот „Роки“ го привлече сето внимание на околината. Џенифер ги воодушеви присутните со својата фантастична фигура на која би ѝ позавиделе и многу помалди колешки.
Со белите пантолони, црната кошула и сандалите со висока потпетица, Џенифер ја вклопи зелената Шанел чанта.
Само неколку денови порано, на вечерно излегување , фотографирано е целото семејство Сталоне, на чело со гордиот татко. Ќерките Софија, Систин и Скарлет им се придружија на родителите. На сликата која ја објавија светските медиуми едвај се познава која е мајката а кои се ќерките. „Изгледа како да му е четврта ќерка на Сталоне“, коментираа неговите фанови на социјалните мрежи.
Фото: Профимедиа