Како да се борите против опаѓањето на косата после бременоста

Добивај вести на Viber

Во текот на бременоста – вашата коса ќе блеска бидејќи и годи повисоко ниво на естрогени.

Меѓутоа, до породувањето доаѓа до намалуваање на нивото на естрогени и го зголемува нивото на хормони на стрес  - а тоа не влиаје позитивно на вашата коса.

Првите промени може да ги очекувате девет недели по породувањето, а опаѓањето на косата ќе биде за 30% поголемо од вообичаено.

Како да ја намалите оваа непријатност?

Користите слаби шампони, оние кои се секој ден, а косата мијте ја почесто – два/три пати неделно. Фризерите велат дека масирањето на кожата на главата во текот на миењето го намалува стресот и ќе направи да се опуштите и вие и вашата коса.

Проверите дали имате намалено железо, што е чест проблем кај бремените жени, а тоа може да влијае на квалитетот на вашата коса. Недостатокот на железото може да го надокнадите со исхрана: конзумирајте повeќе месо, риби, цвекло...

И шишањето може да помогне – добриот фризер ќе знае како да се исшиша, а косата да би изгледа погусто.

Но, не се разочарувајте бидејќи тоа нема да трае вечно, заедно со вашето бебе ќе порасне и вашата коса.