Како да се справите со емотивните риби?

Добивај вести на Viber

Тие се сензуални, романтични, страсни и чувствителни. Рибите без проблем ќе лежат со вас и ќе ве слушаат како зборувате за вашите соништа, желби и надежи додека ве гледаат со нивните продорни очи. 

Рибите се многу емотивни, чувствителни и емпатични и тие со задоволство ќе ве сослушаат. Токму поради тоа можат да станат пречувствителни и преплавени со емоции, а потоа ги вовлекуваат и луѓето околу нив во истата состојба.

Ако  родените во знакот на Риби подолго остануваат на работа, не мора веднаш да значи дека имаат некој друг, туку дека едноставно се обидуваат да ги остварат своите соништа. Но, доколку се несреќни, Рибите ќе го трошат целото нивно слободно време на работа и целосно ќе се оддалечат од вас. Припадниците на овој знак не се ни свесни дека на тој начин се кријат од проблемите. Вие ќе морате да ги натерате да седнат и да ви објаснат зошто се однесуваат толку неодговорно. Имајте трпение, бидејќи Рибите нема веднаш да ви кажат што ги мачи.