Како да сварите совршено тврдо јајце за Велигден
Во теорија, тврдо варените јајца се една од наједноставните работи во кујната.
Но, некогаш не било лесно да се направи оваа едноставна работа, посебно во текот на Велигден кога сакаме нашите јајца да бидат совршени. Доколку предолго ги варите јајцата жолчката ќе стане зелена, ако ги варите на превисока температура пак белката ќе биде гумена. Ако не ги варите доволно, жолчката нема да биде сварена и ќе се разлева.
Спасете се од неволји и следете го нашиот метод за варење на совршено тврди велигденски јајца.
Ставете ги јајцата во сад и ставете доволно студена вода толку колку да ги покрие јајцата.
Варете ги јајцата на средна температура и кога водата зоврие отстранете ја од шпортетот.
Покријте го садот со поклопачка и оставете ги јајцата во вода 12 минути.
Исцедете и пренесете ги јајцата во сад со студена вода додека не се изладат (околу 5-10 минути).
За да го намалите бројот на испукани јајца, во водата додајте малку оцет. Додавајќи малку повеќе киселина го зацврстувате кератинот, па лушпата ќе биде поцврста.