Животна училница // Семеен Албум
Kaко детето за една минута да го претворите во соработник?
Што да правите ако се брзате, а вашето дете е споро како полжав?
Колку повеќе се брзате, ви се чини дека детето е уште побавно.
Што ако секоја вечер го одложува капењето и спиењето или бара да го носите надвор?
Ако ова често се случува, знае да ве исцрпе.
Детето често дава отпор, и родителот мисли дека тоа мора во истата минута да се реши.
Но, фали соработка. Сорабтотката со детето низ игра дава резултати.
Детската игра е природен канал за учење и мора да се искористи.
Кога нема тензија, многу е полесно.
Играта на детето му дава нови моменти, и искуство за решавање на проблеми.
Мозокот на човекот не е создаден за учење на памет, туку за решавање на проблеми.