Како до подобар дигестивен баланс и воспоставување стабилен метаболизам
Многу животни успеси се должат на воспоставениот баланс. Доколку како студенти учите секојдневно и организирано ќе постигнете поголеми резултати во однос на тоа доколку учите се наеднаш, кампањски. На Електротехничкиот факултет велат дека „не е ист резултатот“ доколку помножите два по десет и десет по два. Односно, нема да ги добиете посакуваните резултати доколку учите два дена по десет часа во однос на тоа доколку учите десет дена по два часа.
Така е и со здравјето. Тоа бара континуирано одржување и грижа. Нема „здравје со една капсула“, нема брзо и експресно зачувување на балансот, не постои ад хок здравје. Напротив, потребно е здравјето да се чува секојдневно и со балансиран пристап.
За студентите (барем за дел од нив) важи девизата дека, лошо се хранат. За жал, се повеќе луѓе не се хранат правилно. Не го почитуваат непишаното правилото да се хранат избалансирано и разновидно, секој ден во одредено време, туку поради „притисокот“ од обврски, јадат „и за после“.
Исто така, колку повеќе години имате, толку побавен станува Вашиот метаболизам и всушност, се познава што и колку сте конзумирале. Затоа, се препорачува забрзување на метаболизмот, со што доаѓаме до нормален дигистивен баланс.
Како? Дигестивниот систем содржи и „добри“ и „лоши“ бактерии. За да го сочуваме здравјето, дефинитивно, неоходно е да се одржува нивниот баланс. Доколку употребуваме многу лекови, сме биле болни или подложни на различни диети, тогаш се нарушува овој баланс. Затоа се препорачува употреба на пробиотици, односно живи микроорганизми, кои дадени „во соодветна количина“, му носат здравствена корист на домаќинот.
Тие не штитат на два начини. Директно преку дигестивниот тракт и второ, преку влијание врз имуно системот. Основната функција им е во дигестивниот тракт, каде може да дојде до нарушена рамнотежа поради лошиот избор на храна, емоционалниот стрес, недостигот на сон, претераната употреба на антибиотици, влијанието од околината. Овој дисбаланс честопати можемо да го превенираме или корегираме со употреба на соодветен пробиотик.
Пробиотиците содржат бактерии и/или габички кои ја обновуваат рамнотежата во цревата. Најчесто користени пробиотици се различните видови од родот Bifidobacterium (нормални жители на дебелото црево, постојат околу 30 видови) и Lactobacillus (нормални жители на цревата и вагината, изолирани 56 видови). Тие, всушност, не можат да ја заменат уништената телесна природна микрофлора, но овозможуваат организмот да ги врши истите функции се додека тој не ја обнови сопствената природна микрофлора.
Во животот е од суштинско значење за нашето здравје да одржиме стабилен метаболизам. Со текот на години доаѓа до забавување на метаболизмот, и со тоа честопати до зголемување на телесната тежина. Студиите покажуваат дека дебелината е поврзана и со промени во составот и метаболичката функција на цревната микрофлора. Исто така, нарушувањето на соодносот на бактериите во цревната микрофлора, доведува до создавање и до одржување на дебелината кај човекот.
Употребата на пробиотици или синбиотици (мешавина на пробиотици и пребиотици кои ја подобруваат имплементацијата и опстанокот на пробиотиците откако ќе влезат во дигестивниот тракт), како метод за регулирање на балансот на цревната микрофолора, има поволни ефекти за организмот. Значи, пробиотиците не треба да ги земаме за да бидеме здрави, туку многу докази упатуваат на фактот дека пробиотиците помагаат во одржување на добра здравствена состојба, нормална желудочно-цревна функција и превенираат инфекции.
Со цел да се оптимизира ефектот на пробиотиците, тие се комбинираат со пребиотици кои се нивна храна, а со цел да стигнат до тенкото црево каде го исполуваат своето полезно дејство, се пакуваат во желудечно отпорни капсули кои го зголемуваат степенот на преживување на добрите бактерии.
Во некои комбинации со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк (прочитај повеќе на http://www.probalans.mk).
М-р. по фармација Филип Ачкоски
* ПР - објавафото: freepik.com