Како до стипендија на Меѓународниот балкански универзитет?

Доколку сонувате да студирате на еден од најдобрите приватни универзитети, тогаш Меѓународниот Балкански Универзитет е вистинскиот избор. Како најдобар универзитет во областа на наставата и учењето, според Шангајската листа, МБУ нуди уникатна можност за стипендии засновани според успехот остварен во средното образование што претставува доказ дека вредната работа и учењето навистина се исплати.

Ваквиот начин на доделување стипендии е воведен за прв пат оваа година, додека пак до сега, стипендиите се доделуваа со приемен испит. Според новата програма, средношколците, во зависност од нивниот успех, имаат можност да се здобијат со стипендија од 50% до 100% за секој семестар.

Целосна стипендија, според новата програма на МБУ, е предвидена за оние ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда извадена од средното училиште, а идните студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Стипендија од 80% ќе важи за оние ученици со среден успех 5.00, а нивната школарина ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 добиваат стипендија од 70%, односно ќе плаќаат школарина од 300 евра. Стипендија во вредност од 60%, односно школарина од 400 евра по семестар, добиваат учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49 и 50% стипендија, односно школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

Меѓународниот Балкански Универзитет наставата ја одржува на англиски јазик и ја нуди оваа можност за стипендија на ученици од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

На идните студенти, универзитетот им нуди студии од светски ранг и кампус кој ги исполнува сите стандарди на врвен универзитет. Модерниот, квалитетен, студентски-фокусиран и кариерно-ориентиран образовен систем на студентите им нуди и примена на програмата Еразмус+ и целосна стипендија за студентска мобилност во еден од 200-те универзитети во 40-тина земји од светот со кои соработува. Дипломата од МБУ гарантира започнување на кариера веднаш по дипломирањето.

Идните студенти, можат да аплицираат за стипендија на еден од областите при МБУ и тоа: Факултет за инженерство, Факултет за економски и административни науки, Факултет за хуманистички и општствени науки, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за уметност и дизајн и Факултет за комуникации.

За учениците кои ги исполнуваат условите, периодот за аплицирање на првиот уписен рок е веќе започнат, за вториот уписен рок, периодот за аплицирање трае од 13 јули до 21 август, а третиот уписен рок е од 31 август до 25 септември.

Одличниот академски кадар и кампусот од светски ранг се само дел од предностите на овој универзитет. Земете ја академската иднина во свои раце и аплицирајте денес.