Како е да се живее со милијардер: Поранешната членка на групата „Моделс“ проговори за бракот

Ивана Берендика, поранешна членка на групата „Моделс“, откри како е да се биде во брак со бизнисмен кој тежи милијарди долари.

Берендика беше втора придружничка на изборот за „Мис Југославија“, а кратко време беше и членка на групата „Моделс“. Во 2005 година се омажи за бизнисменот Томас Јермолук - извршен директор и ко-основач во Beyond Identity, кој е 20 години постар од неа, а чие богатство се мери во милијарди долари.

Парот по 11 години брак, ги доби близнаците Зои Меј и Каи Никола во 2016 година.  Моментално живеат во луксузна вила во Мајами.

Ивана ретко дава изјави за медиумите кога станува збор за нивниот приватен живот. Но, овојпат таа истакна дека нејзиниот балкански менталитет е задоволен што нејзиниот сопруг е многу моќен.


- Не бев од оние девојки кои сонуваа за принц на бел коњ. Ми се чини дека отсекогаш сум била порационална од другите, па ми се случи да го добијам она за што не ни размислував. Томас на некој начин е над мене во сè, што е многу пријатно за мојот балкански менталитет. Имав малку повеќе среќа од другите. До мене е човек со слободен дух, авантурист кој сака предизвици. Томас сака егзотични патувања и екстремни спортови. Отворен е и сака се да пробува, а тоа не спои. И двајцата сме љубопитни, сакаме да откриваме нови земји и култури. Го запознав кога имав дваесет и пет години и дури тогаш поминав многу повеќе од моите врсници. Тој беше се што ми требаше во тоа време. Токму неговите години, знаење, мудрост и харизма ме натераа вистински да се заљубам - изјави Ивана.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: screenshoot