Го трансформирала домот со мебел од „депонија“: Најмногу ќе се шокирате од кујната (ФОТО)
Беки Лејн (36) можела да го добие најголемиот дел од мебелот бесплатно или по многу ниска цена.
Снаодлива Британка откри како го реновирала својот дом со предмети фрлени на локалната депонија.
Беки Лејн (36) можела да го добие најголемиот дел од мебелот бесплатно или по многу ниска цена.
Да речеме, таа го нашла ормарот за 3700 денари, потоа го избрусила и го бојадисала - за подоцна да открие дека тоа е винтиџ дизајнерско парче и вреди 23 730 денари.
Земала и тоалетелна маса за 263 денари и маса на ИКЕА од 474 денари – додека нова чини повеќе од 5000 денари.
„Во нашата општинска депонија има продавница во која се продаваат работи кои другите ги фрлаат. Снемавме пари за да ја реновираме нашата куќа, па навистина моравме да размислуваме на креативни начини. Мојот прв инстинкт беше: „Не сакам да ги земам работите од буниште!“ Да бидам искрена, мислев дека сето тоа ќе биде обично ѓубре. Но, штом влегов таму, бев толку шокирана што луѓето ги фрлиле дел од работите што ги најдов. Сега сум зависна и одам секој викенд“, изјави Беки.
На пример, купила две маси покрај креветот за 600 денари, слични на оние од околу 20.000 денари. Нашла и поволни цени на групите на Фејсбук. Таа купила керамички мијалник со славина за 1400 деинари, наместо да плати повеќе од 15.000 денари за нов.
Целата трансформација на кујната чинела околу 6000 денари.
Погледнете како ја уредила бањата:
На крај, со мал буџет успеала да го трансформира дворот:
Foto: Instagram / house.of.lane