КАКО И ЗОШТО СЕМЕЈСТВАТА ГО КОРИСТАТ СЕМЕЈНОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК

Добивај вести на Viber

Зошто семејно приватно здравствено осигурување?

Заради ДИРЕКТНА ИСПЛАТА НА ТРОШОЦИ во моментите кога ни е најпотребно, брзо и едноставно, без упати и чекање!

Заради тоа што ГИ ВКЛУЧУВАМЕ СИТЕ ОПШТИ И СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕДИ

Заради тоа што ОВОЗМОЖУВАМЕ ВРВНА НЕГА И ГРИЖА ЗА ВАШИТЕ НАЈМИЛИ

Затоа што НЕ СЕ ПОТРЕБНИ УПАТИ, ЧЕКАЊЕ НА ТЕРМИНИ И САМИТЕ БИРАТЕ ЛЕКАР

Заради тоа што е ВАЖНО ДА ИМАТЕ НАЈДОБРА ДИЈАГНОЗА

Затоа што семејното приватно здравствено осигурување со пакет со покривање трошоци за породување е ПОДОБРО ОД КРЕДИТ

Корисниците што ги следат трендовите и сакаат да имаат подобар квалитет на животот, подобра здравствена заштита на своите деца, а притоа да имаат контрола на семејниот буџет, го одбираат Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк и ги користат бенефитите од истото. Продуктот се покажува како полн погодок за наши клиенти – младо семејство корисници на семејно приватно здравствено осигурување со три деца по две години разлика. Семејството го користи пакетот Премиум и ги лекува децата од вирози, настинки во приватна здравствена установа, а потоа ги рефундираат средствата во Еуролинк. Во текот на осигурувањето на првото дете  му дијагностицираат воспалени крајници и оперативно ги отстрануваат во приватна болница. Еуролинк прави директна исплата на средствата кон болницата за оперативниот зафат и за болничкото лекување (во износ од околу  1000 евра), а потоа за секој месечен контролен преглед средствата се рефундираат. „Семејството е задоволно од здравствената грижа што ја имаат во приватните здравствени установи и од осигурувањето што им ги покрива трошоците, со оглед на фактот дека само преглед на дете е околу 1200 денари без брисеви, ЦРП или лабораториски услуги. Убедени сме дека долго ќе бидат наши клиенти“, вели Петар од Секторот за осигурување, кој му ја изработи полисата на младото семејство.

Не чекајте! Обезбедете и вие врвна здравствена заштита за вашето семејство. Контактирајте го вашиот консултант за осигурување или јавете се на телефонот 02 / 15 888, или електронска адреса: eurolink24@eurolink.com.mk.

Добро здравје!