Како изгледа викенд рутината на Меган Маркл?

Добивај вести на Viber

Меган Маркл како војвотка во текот на седмицата има многу густ распоред, а за викенд се обидува да се одмори, но со многу активен одмор. Нејзиниот ден започнува со вежбање во друштво на сопругот Хари. Парот заедно оди на трчање, која е една од омилените активности на Меган, како и јогата, со која го завршуваат секое вежбање.

Попладнето Меган го поминува со пријателите Тања Бур или Мили Макинтош со кои се дружи по преселувањето во Велика Британија. Заедно излегуваат во модерни ресторани во лондонскиот четврт „Soho“ како што е „Bocca di Lupo“.

Меган вечерта ја поминува со Хари во нивниот нов дом, каде што заедно подготвуваат вечера и гледаат „Netflix“. Звучи како многу опуштен, не многу кралски викенд, што велите?