Како изгледал Милан Мариќ како момче: Актерот сподели фотографија од детството-уште тогаш бил заводник
Уште како мал бил згоден и многу фин, а денес е еден од најпосакуваните српски ергени
Актерот Милан Мариќ често е во центарот на вниманието на јавноста не само поради мајсторски одиграните улоги, туку и поради приватниот живот.
Иако е многу популарен, Милан не зборува за неговиот приватен живот во медиумите, но понекогаш ни дава шанса да ѕирнеме во него, исто како и сега.
На неговиот Инстаграм профил неодамна се појави фотографија од неговото детство, а коментарите брзо почнаа да се редат еден по друг.
Чао - напиша накратко актерот.
Колегите актери, како и неговите пријатели, семејството и обожавателите веднаш почнаа да коментираат колку бил сладок како дете, а истите црти на лицето ги задржал и денес.
Она што го привлекуваше вниманието беа неговите очи, како и тој прекрасен изглед поради кој многу жени го сметаат за голем заводник, но и за најпосакуван ерген меѓу младите српски актери.
Како и да е, Милан дефинитивно ги купи симпатиите на своите следбеници, а до кога ќе одолева на вистинската љубов останува да видиме во годините што следат.
Извор: glossy.espreso.rs
ФОТО: Инстаграм