Како методот на Рудолф Броис излечеил над 40 000 лица болни од рак
Рудолф Броис е натуропат, кој развива метод против ракот - терапевтско гладување, познато како „Тотална терапија“.
Рудолф Броис е автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“. Во книгата се наведува дека со неговиот метод до 1980 година се излечени повеќе од 40 000 болни луѓе од рак и други сериозни болести.
Со глад по методот на Броис против рак.
За Броис, ракот е самостоен субјект во внатрешноста на телото, кој за својот раст и развој има потреба од протеини, кои се наоѓаат во тврдата храна, и во согласност со тоа, може да се уништи со глад и воведување на сокови од органски одгледуван зеленчук.
Бидејќи соковите не содржат протеини, телото ќе почне да ги зема од туморот, што на крајот ќе доведе до неговото разградување. Рудолф Броис користи сок од коренот на зеленчук. Терапијата која ја препорачува се состои од вода, 30-50 мл сок од цвекло, моркови, целер, ротквици и компири.
Покрај тоа, во зависност од заболените органи и ткива, се земаат 2 литри смеса од чаеви на ден и 20 мл бистра супа од кромид. За време на третманот треба да се исфрли шеќерот, белото брашно, месните производи и конзервираната храна.
Покрај горенаведеното, се препорачува и свеж воздух, вежби и масажа.
Од што зависи успехот на методот на Броис за лекување на ракот?
Соковите треба да бидат подготвени само со биолошки чисти производи. Треба да се има предвид дека со помош на зеленчукот кој е загаден со ѓубрива и пестициди, ќе постигнеме токму спротивен ефект - наместо чистење на организмот и исцелување, ќе придонесеме за негово загадување и понатамошен развој на болеста.
За време на гладувањето треба да се води сметка за правилното варење и по потреба да се прави клизма, за да не останат токсичните материи во телото и да предизвикаат труење.
Важно е да се има предвид дека процесот на лекување на ракот со методот на Броис вклучува и промовирање на позитивен став, намалување на стресот и нездравите навики кои значително придонесуваат за развојот на болеста.
Сепак, со оглед дека за време на третманот се губат до 15 килограми од тежината, методот на Броис не се препорачува за деца, бремени жени, луѓе со многу ниска телесна тежина и на пациенти кои се во краен стадиум на појавените малигни заболувања.