Како најлесно да внесете протеини во исхраната на вашите деца?

Добивај вести на Viber

Веќе знаеме колку и зошто се важни протеините во исхраната на вашите деца, а бидејќи неретко родителите се соочуваат со проблеми со пребирливост, ви претставуваме уште неколку интересни начини преку кои можете да го зголемите внесот на протеини во нивниот организам.

Покрај пилешкото месо коешто веќе го споменавме, свинското е, исто така одличен извор на протеини. И ако мислите дека е потешко да ја остварите вашата цел преку овој вид месо, грешите изатоа ви пренесуваме 3 начини на подготовка на истото за кои веруваме, односно, гарантираме дека од вашите деца ќе изнудат „ммммм“.

Мини свински пити - чунчиња:

Како обична пита, само мини. Потребни ви се 600 грама брашно, 250 мл вода, половина коцка квасец и малку сол за тестото и уште 500 гр свинско месо, бибер, црвен пипер, сол, и свинска маст. Исечете го месото на мали коцки, зачинете го и оставете го да отстои, 3-4 часа или преку ноќ. Подгответе го тестото, поделете го на мали топчиња и оставете го да нарасне па потоа со тестото направете форма на чунчињаи ставете месо и малку свинска маст на секое. Печете во рерна загреана на 250 степени околу 25 минути.

Совет плус: дајте му на овој оброк интересно име, на тој начин ќе им изгледа и звучи уште попримамливо.

Раженчиња:

Месо и зеленчуки тоа во форми! Едноставен и брз начин да изнудите насмевка на лицата на вашите деца. Свинското месо исечете го во интересна форма– ѕвездичка, срце, диносаурус. Дополнете со шери домати, печурки и тиквички, испечете го на скара или грил тава и послужете „Дино раженчиња “.

Домашно гиро:

Храна која потсетува на лето и море. Направете домашно гиро за вашите најмали со свинско месо, таратур, домат, кромид и помфрит. И секако сенф и кечап. За подготовка можете да користите традиционални гиро пити, но можете и тортилји. Месото исечете го на коцки, или на ленти по желба, зачинете го со бибер, сол, рузмарин, оригано, лук во прав, ким и мајчина душица и гответе го на грил тава со малку маслиново масло. На питата или тортилјата намачкајте таратур (павлака, рендана краставица и копар), ставете домат и кромид, потоа месо и на крај помфрит и замотајте. Веруваме дека и вие нема да останете рамнодушни на мирисот, а сигурно и на вкусот.

Од исклучителна важност е месото кое им го давате на вашите деца да биде квалитетно, безбедно и секако вкусно, а истовремено да ги има задржано хранливите материи. Оттука, предлагаме да користите свинско месо од Слога Пром, бидејќи како компанија секогаш на прво место ја става безбедноста на храната и се стреми да остане во тек со највисоките технологии за замрзната храна, зачувувајќи ги нејзините хранливи вредности.

* ПР - објава