Како од старата гардероба да направиш нови тренди парчиња?
Сигурно барем еднаш ја имаш изговорено онаа позната женска реченица „Немам што да облечам“ иако плакарот ти е полн со алишта. Океј, разбираме тоа се парчиња од претходната сезона, но сега имаш време колку што е потребно за малку да си „поиграш“ со нив, а воедно да ги претвориш во тренди парчиња. Особено ќе сакаш да ги носиш, бидејќи самата ќе биде заслужна за нивното редизајнирање.
Три идеи кои лесно ќе можеш да ги спроведеш во дело.
Искината тексас јакна
Оваа сезона искинатите тексас јакни дефинитивно се во мода, а зошто да даваш пари за таква јакна, кога можеш од старата да добиеш одлично парче облека. За оваа креација потребни ти се ножици и еден стар брич.Внимателно со него иако мислиш дека е тап.
Слободно исечи ја јакната на местата каде што сакаш, а со бричот изгреби ја површината на тексасот, така што ќе го отстраниш првиот слој, а тоа место ќе се проѕира. Можеш со бричот да поминеш и околу ракавите или јаката, затоа што на тој начин ќе добиеш впечаток на „стар тексас“.
Како да направите ново здолниште и балетанки со ремени прочитајте на Хаштаг.мк