Како после половина век изгледа Пипи Долгиот Чорап? Ја гази 7-та деценија и одамна веќе не е пред филмските камери

Добивај вести на Viber

Ја гледавме како девојче пред 50 години, а сега кога ќе ја погледнете, таа сè уште го има она што го обожуваа илјадници деца ширум светот.

Познатата Пипи Долгиот Чорап, која ја игра актерката Ингер Нилсон, сега е 65-годишна дама и одамна не се занимава со глума.


Таа го воодушеви светот со својата харизма и насмевка кога на само 10 години се појави во истоимениот филм и го шармираше светот.


Покрај тој филм, Ингер глуми и во филмот „Gripsholm“ во режија на Ксавиер Колер, а седум години подоцна и во германска серија „Der Komissar und das Meer“.

Сепак, судбината ја повлече на другата страна и Ингер реши да се откаже од глумата. Иако поминаа 53 години од снимањето на Пипи Долгиот Чорап, Ингрид сè уште ја има нејзината препознатлива насмевка и пеги кои постарите генерации многу добро ги паметат и лесно ги препознаваат.


Ингрид живее и работи во Стокхолм од 2005 година како секретарка, а пред десет години учествуваше во реално шоу во кое неколку познати личности престојуваат во џунглата неколку недели.


И покрај фактот што поминаа 5 децении откако ја видовме како преслатко девојче со репчиња и палава насмевка, Ингрид ја задржа онаа веселост и препознатлив израз што ја обожуваа генерации деца кои имаа среќа да пораснат во тој период кога на малите екрани доминираше Пипи Долгиот Чорап.


ФОТО: Инстаграм