КАКО РАСТАТ СРЕЌНИ ДЕЦА

Добивај вести на Viber

Сон на сите родители е да одгледаат среќно дете и затоа често се прашуваат дали ги прават работите најдобро, дали би требало да прават повеќе, дали нешто пропуштаат?! Многу стручни лица и родители сметаат дека среќата е вродена, но сепак, на кое и скалило да се наоѓа детето на вродената среќа, родителите треба да го насочат вниманието на неговиот темперамент, затоа што тоа е најдобриот показател за тоа на каков начин родителите ќе го воспитуваат детето за еден ден да израсне во насмеана и среќна личност.

Научете ги децата дека и неуспехот е дел од животот. Ова е една од најтешките задачи на родителот, но морате да го пуштите детето да греши и од тие грешки да учи. Суштината се состои во тоа што детето треба да научи да се бори за себе во овој свет, да научи да носи правилни одлуки и да развие свест за последиците од своите грешки.

Пофалете ги своите деца, но на вистински начин. Секогаш нагласувајте го трудот што го вложиле, а не заради резултатот што го добиле.

Никогаш своето дете не го споредувајте со другите деца. Наместо тоа, објаснете му на убав начин зошто таквото однесување е неприфатливо. Научете го своето дете да биде благодарно. Но, не само за материјални работи. На пример, пред спиење, нека ви раскаже како му поминал денот со тоа што ќе го поттикнете да наброи барем две или три работи што му го разубавиле денот. Никогаш од детето немој да ги криете негативните работи, затоа што иако секој родител сака да го заштити детето, тоа мора да научи дека и непријатностите се дел од животот. Така ќе научат дека и тешкотиите можат да се надминат.

Модерното време, брзиот начин на живот, технологијата секојдневно придонесуваат кон намалување на квалитетот на времето што го поминувате со вашите деца. Кога сте заедно со вашите деца, мобилните телефони, пораките, мејловите…можат а и мораат да почекаат. Ако не сте доволно посветени на детето, детето тоа ќе го почувствува. Зошто да пропуштате скапоцени моменти во растењето на вашето дете заради туѓи фотки на Инстаграм. Семејството е најважна институција за човекот. Во неа не се раѓаат само деца, туку и нивните навики, карактерот, моралните вредности. Затоа чувајте го семејството, во хармонично семејство растат среќни и воспитани деца.

За Женски Магазин, Ружица Митровиќ-Дипломиран педагог