Како се менува вагината на 20, 30 и на 40 години
* Нашето тело се
менува со текот на времето - нормално, се менува и нашата вагина
* Колку со промената на вагината се случуваат и промени кај нашата сексуалност?
* Во 40-те доаѓа до намалување на нивото на естроген, а последицата може да биде потенка и осетлива кожа на вагината
Сосема е јасно дека во текот на животот нашето тело се менува. Добиваме брчки на лицето, косата ни станува се’ потенка, а често имаме и килограми плус на колковите. Всушност, тоа и не е некаков проблем, тоа е сосема нормално! И нашите внатрешни органи се менуваат низ годините. А, зошто и не би се менувале?
Вагината на 20 години
Вагината и вулвата по пубертетот се комплетно оформени. Вулвата се’ уште е силно затегната, еднакво како што е и кожата на дваесетгодишните девојки. Оптегнатоста се менува со текот на годините. И покрај ова, и на таа возраст ниту една вагина не е слична со друга. Дали надворешните усни ги прекриваат внатрешните - кај секоја жена е различно. Со тоа се покажува индивидуалноста и бесконечната разновидност на природата.
Вагината на 30 години
Еластичноста на надворешните и на внатрешните усни попушта. Освен тоа, често се со потемна боја. Особено се видливи кај жените кои имаат родено. За време на бременоста вагината и вулвата се растегаат значително. Кај некои жени желбата за интимен однос е исклучително изразена во овој период. Женскиот интимен орган тогаш е во нежно сина боја. По породувањето повторно се стеснува. Стравот дека ќе биде „преширока“ за пенисот на партнерот не е основана, без разлика на големината и на опсегот. Вагината е еластична како гумена лента и се враќа во „првобитната состојба“.
Вагината на 40 години
Помеѓу 40 и 50 години многу жени влегуваат во менопауза. Тогаш се смалува лачењето на хормоните, доаѓа до намалување на нивото на естроген, а последицата може да биде потенка и осетлива кожа на вагината, но ова не се однесува за сите жени. Како што мажите во втората половина од животот имаат проблем со ерекцијата, така и жените на таа возраст кога се сексуално возбудени може да лачат помалку течности. Сето ова може да резултира со болки при интимниот однос.
И покрај се’, нема простор за страв. Жените можат со интензивна и подолга предигра се’ уште да ја добијат потребната влажност за добар секс. Секако може да се користи и лубрикант. Важно е мажите да разберат што се’ се менува кај жените во менопауза.
Фото: Гуливер