Како се справуваме со корона вирусот

Добивај вести на Viber

Денес имаме 7 инфицирани со корона вирус, затворени градинки, основни, средни и високи образовни установи, натпревари без публика, забрани за собири и општо гледано сериозна ситуација со која се справуваме.

Но едно со сигурност немаме – паника и изгубена контрола.

Скоро ќе биде два месеци откако следејќи ја ситуацијата на глобално ниво и ширењето на вирусот, министерот Филипче наложи состанок на Комисијата за заразни болести. Првата порака што од министерот беше јасно испратена гласеше “Нема место за паника, подготвени сме за евентуални интервенции”, и секако беа дефинирани првите мерки за претпазливост. Снабденост со реагенси, протокол на движење, контрола на влезовите во државата, вклучување и алармирање на клучните институции, аеродроми, МВР, служби. Беа истакнати телефонски линии, дежурни служби, локации за карантин и притоа министерот воспостави редовна комуникација со граѓаните и со секоја искажана реченица уверуваше дека ситуацијата е под контрола и дека нема место за паника. Оттогаш па до сега добиваме само уверување во искажаните зборови и декларирање на компетентноста со секој чекор.

Бевме првата земја во регионот каде се појави вирусот и сите преземени чекори беа врз основа на искуствата и знаењето на домашните служби. А за тоа добиваме и јавни пофалби од Светската здравствена организација.

Во вакви ситуации најважно е навремено, брзо и контролирано реагирање. По појавата на првиот случај со корона вирус, жената што се врати од Италија, токму нејзиното комплетно опоравување и тоа што од неа не произлезе ни еден заразен, укажува дека сето тоа функционираше беспрекорно и без грешка. Министерот заедно со неговиот тим успеа да воспостави систем за справување со ситуацијата и тоа да биде во најбрз можен рок и со најголема контрола. Се продолжи со редовно информирање, советување и едуцирање на граѓаните за начините да се заштита, апели за хигиена и за вистинито и детално информирање на службите за движењето и контактите на оние што допатувале во земјава. Постојано се повикуваше и се уште се апелира за придржување кон основните хигиенски навики и мерки на претпазливост.

Дури и кога се случи најмалку очекуваното, заразата да биде проширена од медицинско лице, министерот не криеше информации и јавно кажа кој е одговорен. И сето тоа со цел да се предупреди на опасност и да може што побрзо да се реагира и да превенира понатамошно ширење.

Може уште многу да нè очекува, но може и не. Воспоставени се мерки коишто треба да го спречат ширењето, смиреноста и решителноста на секој чекор и одлука од министерот не доведува до појава на општа паника и хистерија кај граѓаните. За корона вирусот да се каже дека е тест за нас и за тоа како се справуваме е можеби несериозно во однос на сериозноста на ситуацијата. Но, сепак едно е јасно – имаме министер трезвено и на ниво на задачата се носи со ситуацијата и јавни служби кои одговорно го следат.