Како со функционален јогурт до здрав дигестивен систем

Добивај вести на Viber

Одржувањето здрав дигестивен систем е важно за здравјето на целиот организам. Здравата исхрана и внесувањето разновидна, балансирана храна обезбедува енергија и ја зајакнува функцијата на сите органи, што е од суштинско значење за виталноста на организмот, но здравјето и отпорноста на организмот на вируси, настинки и бактерии потекнува токму од дигестивниот систем. Вирусите кога го напаѓаат организмот прво се населуваат во цревата и затоа е исклучително важно постојано внесување пробиотици кои ја имаат токму таа функција.

Улогата на пробиотиците започнува со постигнување рамнотежа на цревната флора и засилување на добрите бактерии. Заради ваквата функција на пробиотиците и добрите бактерии, се повеќе, за здрав организам се препорачуваат функционални храни. Тоа е храна што покрај основната хранлива вредност ги содржи и овие состојки, како што е пробиотскиот јогурт Баланс+ и со тоа обезбедува и здравствена придобивка.

Функционалниот јогурт Баланс+ влијае врз дигестивниот систем на начин што преку пробиотиците што ги содржи Bifidobacteria и Lactobacillus, ги намалува непријатните симптоми на синдромот на нервозно дебело црево (IBS), ја подобруваат дигестијата на лактоза, и со 10 дена редовно консумирање го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето, за што има и клиничко истражување.Исто така, важни за дигестивниот тракт се и микроелементите како витамините Б2 и Б12 и минералите калиум и магнезиум и макронутриентите, вклучувајќи протеини и масни киселини, дел од составот на пробиотскиот јогурт како примарна хранлива вредност.

А покрај за дигестивниот систем, функционалноста на јогуртот Баланс+, дополнително е засилена со големото количество на калциум, клучен за одржување на густината на коските и нивно зајакнување.

Затоа, заради ваквите здравствени придобивки, многу често функционалната храна и пробиотскиот јогурт е изборот наместо медикаменти или пак наместо дополнително внесувањето суплементи.