Како треба да се храниме во пролет?
Обидете се да ги внесете овие 5 намирници во вашата редовна пролетна исхрана и ќе забележите дека имунитетот ви се подобрува.
Исхраната богата со домати може да ги намали или спречи симптомите за депресија. Ликопенот е моќен антиоксиданс што игра огромна хемиска улога во подобрување на вашето расположение. Едноставно додајте неколку домати во вашата салата или вметнете ги во тестенините преку квалитетен доматен сос.
Обидете се да јадете грејпфрут за појадок така што ќе го испрскате со малку шеќер доколку ви треба заблажување. Или пак, направете си домашен овошен јогурт, така што ќе исечкате мали парчиња и ќе ги додадете во јогурт заедно со мед.
Лубениците изобилуваат со најдобрите антиоксиданси, а содржат повеќе ликопен дури и од доматите – околу 20 милиграми во една чинија. Ликопенот во лубениците го намалува ризикот од воспаление поврзано со деменцијата и депресијата. Најдобриот начин да ја консумирате е во вид на закуска или пак, додајте ја во водата како освежителен вкус.
Гуавата е слатка и полна со витамин Ц, калциум, фосфор и хранливи влакна. Ова тропско овошје исто така содржи ликопен што ќе го подобри вашето расположение на најзадоволителниот начин.
Март е месец кога можете да најдете јагоди. Купете си јагоди и најдобро искористете го ова овошје кое е богато со витамин Ц и антиоксиданси.
Папајата е богата со антиоксиданси и други хранливи материи како каротени, флавноиди, витамини Ц и Б… Исто така изобилува и со фолна киселина, што е поврзана со намалување на симптомите на депресија.
Грашокот е зеленчук кој е многу типичен за пролетната сезона. Јадете го овој зелен зеленчук во изобилство, поради тоа што содржи мала количина на калории, има многу протеини, витамини А и Ц.
Лосос е еден вид на риба, кои најчесто се ловат во пролетната сезона. Оваа масна риба содржи многу добар холестерол.