„Kако знаеше каде живеам“: Девојка разговарала со маж во лифт, а неколку дена подоцна доживеала шок

Жената откри колку се згрозила откако маж кој го запознала во лифт решил да стави порака под сите врати во зградата во која таа живее за да ја покани на состанок.

Леја Хајлперн од Лидс сега живее во Мајами, Флорида, и рече дека останала „вознемирена“ откако еден постар маж се обидел со бизарна тактика да ја најде.

Обичниот разговор прераснал во проблем

Како што се наведува, невино разговарала со маж, за кој се верува дека има 50-ти или 60-ти години, во лифтот во зградата во која таа живее.

Меѓутоа, таа останала запрепастена кога неколку дена подоцна добила порака од тој човек, а уште повеќе се згрозила кога дознала дека тој го фотокопирал писмото и го ставил пред секој стан на нејзиниот кат.

Лаја (25) го сподели своето ужасно искуство на Твитер

Таа за Дејли Стар изјави: „Не размислував ништо за него во лифтот. Сигурно имаше околу 50 години. Мислев дека разликата во годините значи дека не сум романтично заинтересирана. Писмото е навистина морничаво, а не знам точно како знае во кој дел од зградата живеам, што е чудно. Страшно е."


„Како знаеше каде живеам?“

Го запознала мажот во лифтот четири дена пред пораката да дојде под нејзината врата и нејзините соседи по краткиот разговор со човекот во лифтот.

Лаја на Твитер напиша: „За жал, јас сум пријателски настроена, па разговарам со кој било. Разговаравме и излезе дека сме од истиот дел на Лондон. Потоа тој се симна на неговиот спрат. Продолживме да зборуваме кога вратата нагло се затвори. Тогаш го завршивме разговорот“.

Лаја сподели и фотографии од пораката и неколку други кои и ги дале други луѓе кои живеат на нејзиниот кат.

View this post on Instagram

A post shared by Layah Heilpern (@layahheilpern)


Таа била зачудена како мажот дознал каде живее во зградата, која е и хотел.

Белешката, на која се гледа името на човекот како Ник, гласи: „Здраво, те сретнав во лифтот во саботата, а ти си, прати ми порака ...

Никогаш не го добив вашето име или можност да се збогувам. Ако ова не си ти, тогаш извини што ти сметам“.

Лаја ги прашала своите следбеници дали сметаат дека гестот е романтичен или треба да повика полиција.

Многу корисници рекоа дека белешката е „очајна“ и „морничава“, додека други рекоа дека се граничи со вознемирување.


Фото: Инстаграм