Kaква „моќ“ има љубомората?
Ги сакате своите пријатели, но сте љубоморни?
Нивниот успех не значи дека вие сте неуспешни. Но, успехот е лична категорија и тој зависи од многу фактори. Можеби тие се успешни во една област, а вие во друга, можеби тие вложиле повеќе за да ги остварат своите цели, можеби пак имале повеќе среќа.
Љубомората има огромна моќ : да ви донесе горчина и бес кои не можете да ги претворите во ништо позитивно. Таа ве тера да гледате во тесна перспектива, да се фокусирате на тоа што го немате, наместо на тоа што го имате и да мислите дека вие не заслужувате ништо добро. Не ви е потребна љубомората. Наместо тоа, потребна ви е мотивација дека треба да работите на себе и полека да го градите својот успех.
Успешните луѓе зрачат со пособен сјај, тие ги гледаат нештата од поинаква перспектива и тие имаат моќ да ги инспирираат другите луѓе да успеат. Да бидеме во друштво на успешни луѓе е привилегија и позиција од која можеме да научиме многу и да станеме подобра и поуспешна личност.