Каква ви е свекрвата според хороскопот: Дали добивте втора мајка или жена која се меша во вашиот живот?
Стрелец - весела и полна со енергија
Таа е роден оптимист. Можеби понекогаш ќе ви оди на нерви нејзиното разиграно темпо и неуморност, но ќе ве освои со снаодливоста и интелигенцијата. Скоро па да не постои ситуација која не знае да ја реши. Ќе ви биде десна рака во многу нешта, ќе ви помогне кога ќе немате време за нешто и никогаш нема да се пожали дека е уморна. Но, бара многу за возврат, а тоа е вашето внимание и разбирање.
Јарец - искрена е и не сака да заобиколува
Немојте да ве залажува нејзиното ладно и одмерено однесување - под таквиот оклоп се крие жена со големо срце. Можеби не е супермодерна свекрва, но затоа се држи до традиционалните и морални вредности. На неа тешко дека ќе може да влијаете и да ја менувате, па немојте ни да се обидувате. Дозволете и да живее онака како што се навикнала и пред вас. Многу е искрена и не сака да заобиколува - она што не и одговара кај вас ќе ви го каже во лице, никогаш позади грб.
Водолија - ќе ги освои сите ваши пријатели
Свекрвата со овој знак ќе ве фасцинира со оригиналноста и остроумноста. Отворено ќе зборува и раскажува за сите животни теми и проблеми што ќе останете без зборови. Нема да ви забележи ниту доколку направите некое лошо јадење или доколку куќата ви е во неред и нема да има ништо против вашите пријатели. Таа ќе ги освои со својата дружељубивост и модерни гледишта, а на крајот ќе стане главна во вашето друштво.
Риби - и понатаму управува со своите деца
Ќе ве држи како капка вода на дланка, ќе се грижи за вас и ќе ви удоволува во секој поглед. Нежна е и снаодлива, ќе направи се за да ви го олесни животот. Ќе ве прегрне како да сте нејзино дете. Понекогаш ќе забележите дека е тажна и нерасположена и ќе ви биде благодарна ако понакажете разбирање за нејзините чести промени во расположението. Во неа има многу љубов. Но, она што може да ви пречи е нејзината силна поврзаност со синот, па несвесно може и понатаму да управува со нејзиниот живот. На тоа ќе мора да ставите крај, па макар да бидете и груби.