Какви тајни крие вкусното чоколадно млеко?
Најголемата тајна која ја крие овој напиток е дека соодносот на јаглени хидрати и протеини кој го има е идеален за дополнување на нивото на гликоген во мускулите, што значи дека токму чоколадното млеко е најдобар избор после вежбање. Верувале или не, ова е и научно докажано!
Двојно поголема содржина на јаглени хидрати и протеини, преполно со калциум, и ниско ниво на шеќер. Ги смирува уморните мускули, а високото ниво вода што ја содржи ги заменува изгубените течности. Зарем постои посовршен пијалак од чоколадното млеко?
Слаткиот вкус на чоколадното млеко го прави овој напиток еден од омилените
кај децата. Благодарение на нивото на калциум кое го содржи а е исто како и кај
обичното млеко, помага при одржување на здрави заби и коски, како кај децата
така и кај повозрасните.
Исто така, чоколадното млеко како и обичното ги обезбедува сите неопходни хранливи состојки потребни за правилен раст и развој како што се калциумот кој веќе го спомнавме, протеини, витамини А, Д и Б12, фосфор и калиум.
Дали ви се верува дека ваков сладок пијалак може да ви помогне при регулирање на вашата тежина? Во принцип, производите кои содржат шеќер не се поврзуваат со здравите диети, но, за разлика од другите пијалаци кои содржат шеќер како што е сокот, присуството на протеини и масти во чоколадното млеко според некои докази помага да се чувствувате сити, па со тоа може да ви помогне да консумирате помала количина храна.
И последно, а можеби најважно, чоколадното млеко кое Бимилк го нуди на пазарот е збогатено со 10 витамини кои се исклучително потребни за здрава и правилна функција на организмот. Покрај редовните придобивки кои ги нуди чоколадното млеко, дополнителните витамини кои ги има во Битолското се добри за видот (витамин А), регенерација на клетки (витамин Б5), зајакнување на имунитетот (витамин Б6), правилна функција на срцето (витамин Б1), здрав раст и развој (витамин Б9), правилна функција на нервниот систем (витамин Б12), здрави и цврсти коски (витамин Д3), здрава кожа и коса (витамин Б7) и на крај тоа претставува извор на енергија (витамин Б3).