Калциумот од млекото за превенирање на остеопорозата
Стареењето на организмот всушност претставува намалување на способноста за апсорпција на хранливите материи од храната со што настанува состојба на дефицит и со тоа се намалува нормалната функција на органите. Остеопорозата е еден од првите проблеми со кои се соочуваат луѓето кои се во средните години од својот живот, особено жените кои влегуваат во периодот на менопауза. Остеопорозата се манифестира со слаби, кршливи коски поради губењето на нивната цврстина и густина. Кога телото се соочува со недостаток на калциум, организмот ги користи резервите од коските и ги прави порозни. Добиваме 240 мг калциум од една чаша млеко (ПДВ за возрасни: 1000 мг; 1500 мг за постари лица и бремени жени). Кога консумираме полномасно млеко, калциумот лесно се вари благодарение на витаминот Д кој се наоѓа во млечната масленост. Токму заради ваквите карактеристики на витаминот Д и интеракцијата со калциумот од млекото, Битолска млекара составот на своето млеко го збогати со овој витамин што го прави со истакнати здравствени придобивки, посебно за возрасната популација. Поради поволниот однос на калциум со фосфор (и калциум со протеини), калциумот полесно се апсорбира, обезбедувајќи добра густина на коските и нормален крвен притисок. Лактозата или млечниот шеќер што се наоѓа во млекото, исто така, промовира апсорпција на калциум.
Многу е неоснован стравот дека маснотиите во млекото вклучуваат холестерол и затоа многу возрасни не се осмелуваат да пијат полномасно млеко, или други млечни производи. Но, на организмот му треба холестерол. За да се избегне таложењето на мастите во крвните садови, потребно е да се консумира повеќе храна богата со растителни влакна заедно со пиењето млеко. Растителните влакна ќе помогнат да се врзе вишокот холестерол и да се отстрани од организмот. Така, целото млеко и млечните производи одат добро со интегрални производи и зеленчук богати со растителни влакна.