Калиопи ги покани новинарите на појадок и откри: За концертот ослабев 8 килограми
Многу емоции во
Арената Борис Трајковски најави нашата дива Калиoпи за претстојниот солистички
концерт (40 години кариера) кој ќе се одржи на 19 Октомври, во организација на Прагма продукција. По тој повод, таа имаше средба со медиумите.
„Мојата душа посака да се дружам со новинарите, да ги поканам на појадок и да си направиме муабет опуштено како пријатели. Вие сте дел од мојата кариера, а некои од вас и од почетокот, и мојата почит кон вас е огромна - истакна Калиопи која на прашањето дали појадува откри:
„Овој период сум на строг режим на исхрана, ослабев 8 кг. Ми недостасуваат уште 4 за да ја постигнам тежината која ја имав во Баку на мојот евровизиски настап. Не појадувам, а да бидам искрена се воздржувам да не каснам сега во моментов една пита или колаче“.
Македонската дива најави и дека на концертот ќе има многу гости и изненадувања, еден од нив е Слаткаристика и секако, Ромео Грил.
- Физички се подготвувам со тоа што многу пешачам, а кога станува збор за облеката на сцена ќе се облечам во парчиња во кои ќе се чувстувам пријатно- рече дивата и додаде:
- Концертот ќе трае околу три часа, што се однесува до мене ќе го дадам својот максимум, бидејќи за мене не е важно дали пеам пред 10, 100 или 10.000 луѓе. Ме радува што имам своја публика и знам дека ќе уживаме сите заедно.
С.А.Н