Калиопи за Васил сѐ уште е волчица
Васил Зафирчев е еден од најголемите поддржувачи на музиката на Калиопи. Актерот и поп-ѕвездата кои беа во брак од 2004 до 2011 година, останаа во добри пријателски односи и по разводот.
Васил беше уметнички директор во евровизискиот тим на Калиопи, само една година по разводот, во 2012 година, кога во Азербејџан, Баку ја претставуваше Македонија со песната „Црно и бело“. Дел од авторскиот тим на оваа песна е нејзиниот прв сопруг, Ромео Грил, со кој Калиопи сѐ уште соработува.
„Вучица“ (Волчица) си гази“, напиша Зафирчев на својот фејсбук профил, рекламирајќи ја претстојната турнеја на Калиопи низ Србија. Утревечер, во петок Калиопи ќе пее во Крагуевац, во сабота, на 20 октомври ќе одржи концерт во Ниш, на 21 во Јагодина, а следниот месец, на 23 ноември, Калиопи и нејзиниот бенд се подготвуваат за концертот во Белград, во Сава Центар.
Пред вториот евровизиски настап на Калиопи во 2016 во Стокхолм, Шведска, Васил ѝ подари амајлија, ланче со привезок на кој пишува го пишува името на евровизиската песна „Дона“.
“Денес добив специјален подарок од двајца прекрасни луѓе, Сашо Димоски и Васил Зафирчев. Овој убав ѓердан ќе го носам како моја среќна амајлија“, напиша Калиопи тогаш на својот инстаграм профил.