Камерон Дијаз откри: Никогаш немаше да станам мајка ако не беше Гвинет Палтроу

Добивај вести на Viber

Камерон Дијаз не би станала мајка да не била Гвинет Палтроу.

Актерката своето прво дете, ќерката Редик ја доби во јануари со сопругот Бенџи Меден.
Откако за прв пат стана мајка, актерката (47) откри кој е одговорен за создавањето на нејзиното семејство. Во интервју за брендот Гвинет „Goop“, таа започна со: „Не би станала мајка ако не беше ти.

Беше навистина упорна, ми рече:„Венчајте се, ќе имате деца. Мора. Не разбираш. Ако не, ќе бидеш тажна цел живот што не си го сторила тоа“. И затоа сум ти многу благодарна што не се откажа“.

Гвинет продолжи: „Мислам дека можев да предвидам дека си родена за да бидеш вистинска мајка. Некои жени не се, но ти си “.

Камерон призна дека стравувала дека нема да најде вистински партнер, дека пред тоа немало важни луѓе во нејзиниот живот.

Новата мајка зборуваше отворено за плановите за иднината на нејзината ќерка, инсистирајќи на тоа дека не сака таа да се идентификува со атрибутите „слатка“ и „убава“.

Камерон и Бенџи ја чуваа својата ќерка далеку од очите на јавноста уште од нејзиното раѓање.


извор:superzena.b92.net