Камила главна на Вимбдлон: Сопругата на Чарлс ги дочека своите пет минути-прв пат на трибините како кралица
Британската кралица Камила вчера се појави во кралската ложа на Вимблдон, тоа е нејзино прво појавување на познатиот тениски турнир во Лондон откако беше прогласена за кралица на 6 мај во Вестминстерската опатија во британската престолнина. Ова беа нејзините пет минути. А за многумина очекувано се појави со помалата сестра Анабел Елиот. На трибините имаше голем број познати личности.
Претходните години, во центарот на вниманието на Вимблдон - не сметајќи ги натпреварувачите - беше принцезата од Велс, чие доаѓање се очекува во наредните денови, на крајот на турнирот, а вчера во преден план беше Камила, која видно го подобри начинот на облекување откако ја презеде круната. Стилистите си ги знаат работите, а фустанот во А-линија во кој таа се појави денес е многу подобро издание од нејзините бројни модни неуспеси во минатото.
FOTO:EPAКамила се следеше на секој чекор, малку , а за момент се чинеше дека и е здодевно, а забележана е и нејзината впечатлива гримаса. Нејзиниот сопруг Чарлс е познат по необичните изрази на лицето во јавноста, а таа денес го надмина. А Камила се чини дека сака да се приклучи на трендот на „поопуштени членови на дворот“ што Кејт Мидлтон - веројатно под влијание на критиките на Меган Маркл за штедењето на кралското семејство - сè повеќе го промовира.
foto: instagram printscreenКамила се следеше на секој чекор, малку се смеееше, а за момент се чинеше дека и е здодевно, а забележана е и нејзината впечатлива гримаса. Нејзиниот сопруг Чарлс е познат по необичните изрази на лицето во јавноста, а таа вчера го надмина. А Камила се чини дека сака да се приклучи на трендот на „поопуштени членови на дворот“ што Кејт Мидлтон - веројатно под влијание на критиките на Меган Маркл за штедењето на кралското семејство - сè повеќе го промовира.
Веднаш до неа беше нејзината сестра Соња Анабел Елиот која е дизајнерка на ентериер која се занимава и со антиквитети. Нејзиниот син е британскиот политичар Сер Бен Елиот, кој беше копретседател на Конзервативната партија. Таа оваа година се разведе од сопругот Сајмон Елиот, со кој беше во брак од 1972 година и со кој ги има ќерките Кејти и Алис. Анабел и Камила имаат брат Марк Шанд. И Анабел често се појавува на официјални настани на дворот, таа е дури и во првите портрети на Чарлс III и Камила, објавени по крунисувањето.
FOTO: EPA