Кандидијаза: Спасете се од габичните инфекции на интимата еднаш и засекогаш
Околу 75 проценти од жените барем еднаш во својот живот, страдаат од габична инфекција, и речиси секоја од нас знае за непријатните симптоми како што се чешање, печење и прекумерен исцедок од вагината, и знаеме колку е тешко е да се ослободиме од нив.
Габичните инфекции често се лекуваат со антимикоцити, но таа терапија се користи пречесто и неправилно, габите се навикнуваат на нив и стануваат отпорни, тврдат научниците кои го спроведоа ова истражување во весникот „Science“. Според нив, светот е во вистинска опасност од разни габични заболувања кои го загрозуваат човековото здравје, додека лековите престануваат да функцинонираат.
Што значи тоа во пракса?
Замислете ако сте ги почувствувале првите симптоми на габична инфекција, и отидете веднаш на лекар или ја купите од аптека вообичаената терапија во форма на крема или вагинални таблети. Но, наместо по примената на лековите, симптомите да се повлечат, ништо не се случува, бидејќи габите имаат развиено отпор. Имате ли поинаква и посилна или алтернативна терапија, како што е плакнење со борна киселина, но прашањето е дали тоа ќе функционира?
Значи, дали сте, затоа, осудени на живот со трајна инфекција? Но, засега ситуацијата не е толку алармантна, и најверојатно успешно ќе ги реши здодевните болести.
Што треба да направите за да се осигурате дека третманот е успешен? Земете го целиот пропишан лек - дури и ако се чини дека целосно сте оздравеле- и секогаш следете ги инструкциите.
Проблемот обично се јавува кога инфекцијата не се третира темелно и целосно. Доколку, сепак, нема подобрување, докторот ќе утврди со дополнителни тестови дали станува збор за бактериска вагиноза или трихомона, за кои е потребен поинаков третман.
Исто така, користете ги лековите само кога тие навистина се потребни. Една жена што некогаш имала габична инфекција обично знае да ги препознае првите знаци и во овој случај не е лошо да се започне терапијата веднаш. Но, не реагирајте веднаш штом ќе забележите малку посилен секрет, но само кога сте сигурни дека тоа е инфекција; секој лек ја нарушува природната рамнотежа на флората во вагината, па затоа е подобро да се избегне ако тоа не е нужно потребно.
Ако се случи да имате габична инфекција два или три пати годишно, тоа најверојатно значи дека никогаш не сте се излекувале целосно и дека треба да го земате лекот на подолго време, па околу тоа да се консултирате со гинеколог.