Карлеуша ја доведе до солзи публиката кога премиерно ја испеа оваа песна: Оваа сцена долго ќе се памти ВИДЕО
Балканската дива Јелена Карлеуша настапи на плоштадот во Рума, каде со спектакуларен настап ги фрли во делириум фановите, кои едногласно ги испеаа сите хитови.
Карлеуша, чиј секој настап е дизајниран поинаку, од кореографија до стајлинг, ја расплака публиката во Рума кога премиерно ја изведе песната „Рунди“, кој за неа ја напиша Милан Радуловиќ Лаќа.
Додека Карлеуша пееше, на видео екранот беа испишани неговото име и презиме, што ги расплака сите. Нејзината публика за прв пат ја слушна комплетната верзија на песната, бидејќи досега на мрежите беше вирална само демо верзијата.
- Ќе го исполнам ветувањето што му го дадов на текстописецот на оваа песна, сега за жал починатиот Милан Радуловиќ, дека ќе ја отпеам оваа песна - изјави Џ.К на работ на солзи во Рума.
Да потсетиме, Александар Радуловиќ Фута, таткото на покојниот Милан Радуловиќ Лаќа, во април годинава по втор пат го продаде текстот на последната песна на неговиот покоен син Милан Лаќа Радуловиќ „Рунди“ на раководството на групата „Хурикејн“, која уредно ја купила и платила во 2020 година за 5.500 евра Јелена Карлеуша!
Ова го направи композиторот за да и се одмазди на Карлеуша за кривичната пријава што ја поднесе против него, а новите членови на “Хурикејн“ завршија со снимање на оваа песна со нова музика и аранжман.ФОТО: Инстаграм