Каролина Гочева е новото заштитно лице на Ozone Gold - Веруваме во моќта на природата

Добивај вести на Viber

Новогодишните празници се оној период од годината кога ги сублимираме сите убави нешта кои ни ја одбележаа годината во заминување и наздравуваме за сите успеси кои допрва нѐ очекуваат во претстојната година. Токму во такво, празнично расположение, познатиот бренд за здравје и убавина Ozone Gold ја заокружува оваа година со убава вест: започнување на соработката со нашата музичка поп икона Каролина Гочева, која отсега е заштитно лице на брендот.

Една од нашите најголеми музички ѕвезди, но истовремено и дама која е синоним за природна убавина е вистинскиот репрезент на вредностите што ги застапува Ozone Gold, а се однесуваат на комплетна посветеност и природна нега на нашето здравје и убавина, како одвнатре така и однадвор.

Токму негувањето на заедничките вредности и верувањето во моќта на природата го спои докажаниот бренд Ozone Gold со Каролина, а претпразничниот период со целата негова магија го искористија како вистинско време да ја запознаат јавноста со нивното заедничко пријателство кое ветува долгорочна  успешна соработка.

„Вистинското пријателство и убавина траат долго, па затоа веруваме дека нашата соработка со Каролина ќе прерасне во вистинска трајна вредност... Чест и задоволство ни е во овој празничен период да ја информираме јавноста дека токму Каролина е новото заштитно лице на нашиот бренд, затоа што токму во неа го препознаваме сето она што го негуваме како вредност: исклучителна посветеност и нега на комплетното здравје и убавина“, велат од Ozone Gold.

Заедничката соработка и новото пријателство, ги најавија со промотивно видео кое ќе додаде уште повеќе магија и дополнително ќе ги разубави празничните денови.

„Навистина е пријатно чувството кога ќе се пронајдете со бренд со кој ги делите вашите животни вредности и погледи, а пред сѐ вербата во моќта на природата. Драго ми е што овој празничен период започнавме едно ново пријателство и годината ја заокружуваме со проект кој ветува многу успех и во иднина. Природната нега за мене е правило број еден во мојата секојдневна рутина за убавина, затоа концептот на Ozone Gold комплетно се совпаѓа и со моите лични преференции, што искрено ме радува“, вели Каролина по повод новата соработка.

Со своето неколкугодишно присуство на македонскиот пазар, германскиот бренд Ozone Gold се наметна како вистински избор за сите кои веруваат во моќта на природата и во вистинската убавина која доаѓа одвнатре.

Палетата на производи на OzoneGold е составена од уникатни капсули со озонирано маслиново масло, креми за медицинска намена со големи количества озон, потоа програма за нега на лице, целосната програма за заштита на коса, производи против целулит како и производи за нега на телото, сите базирани на природна основа со ладно цедено маслиново масло и чист медицински озон како основни состојки.