Каролина Гочева и Михаил Корубин заљубени во Италија: Албумот фотки сведочи за нивната среќа

Добивај вести на Viber

 Македонското девојче Каролина Гочева сподели фотографии од одморот со сопругот Михаил во Апулија, Италија. На фотките кои пејачката ги објави на Инстаграм гледаме дека блеска, а насмевката не ја трга од лице.

Каролина која секогаш внимателно ги одбира модните парчиња, така и овој пат во Италија го покажа својот стил по кој е препознатлива. Двата летни фустани кои ги одбрала одлично ја истакнуваат нејзината фигура и се вистинско летно стилско освежување.

Таа сподели и фотки од Михаил, а најави дека ќе следуваат уште фотографии од одморот.

Во описот на фоките таа откри дека на летување биле во јули:

Инаку за пејачката е познато дека ретко споделува фотографии со сопругот Михаил Корубин со кој е во брак 5 години.
Парот се венча на 23 септември, 2017 година во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец. 

Мајка ми е жена на која би сакала да наликувам: Искрено со Каролина Гочева