Три години љубов: Каролина Гочева и Михаил Корубин слават годишнина од брак
Македонското девојче, чија свадба со години се очекуваше со нетрпение слави тригодишнина од бракот.
Каролина Гочева со Михаил Корубин се венчаа на 23 септември, 2017 година во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец.
Свадбата на Каролина и на Михаил беше проследена од будното око на јавноста иако беше од затворен тип.
Тие организираа венчавање со матичар и свадбена забава на необична локација, во еден од воените хангари на аеродромот Стенковец, специјално приспособен за оваа пригода.
Голем број од домашните јавни личности беа поканети на забавата, а дел од нив и запеаја. Корубин е син на дизајнерката Лиле Корубин и на уметникот Рубенс.
Каролина и Михаил се свршија во Париз во мај, неколку дена по нејзиниот роденден. Првите фотографии и по свршувачката и од свадбата, беа објавени на Инстаграм профилот на Каролина.
На свадбено патување парот замина во Торонто, Канада.
Да се потсетиме на некои од најубавите моменти од свадбата на Каролина и Михаил: